Македонија
Утре времето ќе биде променливо облачно со локални поројни врнежи од дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно и топло со повремен слаб локален дожд. Попладне на места врнежите ќе бидат поројни со грмежи, информира УХРМ. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а кон крајот на денот и во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен.
Врнежите ќе бидат поинтензивни во ноќните часови. Утринската температура ќе се движи од 2 до 9, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степена.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер кој кон крајот на денот и во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен. Температурата ќе се движи од 6 до 22 степена.
Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта, в петок и в сабота претпладне. Поинтензивни врнежи се очекуваат во северните и источните делови, ноќта в четврток кон петок и в петок. Вопеток ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на дневните температури.
За време на велигденските празници времето ќе биде стабилно, суво и релативно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

