Македонија
„Македонија 2025“: Секое спогодбено решение за името треба да биде во согласност со Уставот
Република Македонија е суверена земја. Затоа, го поддржуваме пристапот на сегашната и минатата влада дека секое спогодбено решение што не ги компромитира националниот идентитет и јазикот треба да биде доследно и во согласност со Уставот на Република Македонија. Наше цврсто верување е дека ниту една група ниту личност не треба да им кажува на другите луѓе што сe или не се. Сите луѓе, вклучувајќи ги и Македонците, треба да го уживаат основното човеково право на самоопределување. Ова е ставот на организацијата „Македонија 2025“.
Тие додаваат дека решението за потенцијална промена на името на зeмјата е поттикнато од Европската Унија (ЕУ) и други странски влади кои сакаат земјата да исчекори напред од овој застој во однос на решавање на името во кој земјата се наоѓа изминативе три децении. Но, веруваат дека тежнеењето за пристап кон ЕУ и НАТО е многу важно, но не по секоја цена. „Ние, како економска организација, сакаме да потенцираме дека само едно достигнување или решение на едно прашање нема да овозможи економска благосостојба за македонскиот народ. Економски развој веруваме дека може да донесат напорна работа, одлучност, зголемена трговија и инвестиции, искоренување на корупцијата, чесен и независен судски систем и најмногу од сè – единство меѓу луѓето“, се вели во соопштението.
Според нив, Владата е избрана од и за народот на Република Македонија и таа треба да води сметка и да ги претставува интересите на македонските граѓани. Без разлика дали живееме во Република Македонија или во многуте други држави во светот со македонска популација, ние секогаш ќе бидеме Македонци. „Затоа, ‘Македонија 2025’ ги повикува сите Македонци да се фокусираат на создавање добра економска клима, во која домашните и странските компании, како и претприемачите, ќе бидат мотивирани да продолжат да инвестираат во Македонија. На оваа висококонкурентна глобална сцена земјите мора да понудат добра бизнис-клима и политичка стабилност за да постигнaт економски развој“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

