Црна хроника
Притворен дилер на хероин во Битола
Педесет и петгодишен битолчанец доби 30-дневен притвор за продажба на хероин. Според информациите од МВР, Б.Е. на почетокот на овој месец од непознато лице неовластено набавил хероин, го препакувал во помали пакувања и го продавал на подрачјето на Битола.
Вчера од страна на полициски службеници биле извршени претреси во домот и во местото каде што престојува пријавениот. При претресите биле пронајдени една најлонска кеса во внатрешноста со повеќе мали кеси со разна големина спремни за пакување дрога и едно поголемо пакување со хероин обвиено со селотејп. Вкупно биле пронајдени 243 грама хероин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го погодил проектил во нога додека собирал печурки
Маж од Велес собирал печурки и почувствувал убод во левата нога. По лекарски преглед, од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје.
„Во СВР Велес вчера во 11 часот, 63-годишниот Д.Ј.од Велес, пријавил дека при собирање печурки во атарот на село Лисиче, Општина Чашка, почувствувал убод на левата нога, по што во Општа болница Велес му бил извршен преглед и од коленото му бил изваден проектил од огнено оружје“, информира денеска Татјана Ѓуровска од СВР Велес.
Таа додаде дека за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
Мигранти од Турција и Ирак најдени на автопат кај Неготино
Полициски службеници од ОВР Неготино пронашле тројца мигранти, двајца од Република Турција и еден од Ирак, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
Мигрантите се пронајдени рано утрово, во 02.15 часот, на автопатот А1 кај Неготино по што се предадени на Полициската станица за граничен надзор Михајлово за натамошна постапка.
Црна хроника
71-годишен пензиониран кувар кој работел за дневница на прослава е загинатиот во лифт
Седумдесет и едногодишниот В.П. од Штип е починатиот кој вчера настрада во несреќа со лифт. Според неофицијалните информации кои ги пренесоа дел од медиумите, тој бил пензиониран кувар кој работел за дневница и непријавен на прослава во хотелот во кој се случила трагедијата. Во лифтот се носела храна, а кога се случила несреќата заедно со В.П бил и Т.О. (56) од Штип. Тој е тешко повреден,а работел како келнер на истата прославата.
Од МВР денеска информираат дека во 16:24 часот во штипската полиција е пријавено дека во хотел, при извршување на работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле В.П.(71) и Т.О.(56), двајцата од Штип.
„Тие биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што В.П. им подлегнал на повредите. Увид извршиле полициски службеници при СВР Штип, а на местото излегол трудов инспектор“, велат од МВР.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.