Македонија
Мицкоски на сите православни верници им го честиташе Велигден
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до сите православни верници по повод празникот Воскресение Христово Велигден.
„Велигден е денот кога нашиот спасител Исус Христос ја победи смртта, со Воскресението тој ја воскресна надежта на човечкиот род. Во деновите кога надежта повторно се раѓа, љубовта, радоста, трпението и милосрдието нека завладеат со срцата на сите граѓани. А надежта е повеќе и од потребна во овие мигови на тешки искушенија и предизвици, но и силна верба дека може и мора подобро и посилно.
Многу семејства денес живеат во неизвесност, сиромаштија и несигурност. Јас ја разбирам нивната мака. Ја гледам несигурноста во нивните очи и тоа мора да се смени. Реалната слика мора да се променува. Ние не смееме да станеме држава каде поделбите се секојдневие. Треба да се напуштат политиките кои не втурнуваат во табори, не двојат, прават граници и подигаат вештачки ѕидови. Неуспехот на државата е колективен неуспех. Затоа граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро.
Иднината на државата и просперитетот на нацијата немаат алтернатива. Република Македонија мора да започне силно да оди напред. Република Македонија има капацитет, има знаење на кое мора да му се даде шанса, затоа што може поинаку и мора подобро.
Во овие празнични денови, пораката која ни ја праќа Христос спасителот наш подеднакво силно одекнува низ милениумите до денес, пренесувајќи ни го неговото учење за сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност кои треба да бидат белег и доблест во нашето дејствување. Обесправените мора да добијат правда, а добрината и делата да бидат вистинската вредност на делување.
Почитувани граѓани, Ви посакувам убави празнични денови, многу љубов и хармонија во вашите семејства, добро здравје и духовен мир во вашите домови, вам и на вашите ближни.
Нека е за многу години Велигден.
Христос воскресна!
Навистина воскресна!“ пишува Мицкоски во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

