Македонија
Руската амбасада демантира дека стои зад протестите во Скопје
Руската амбасада во Скопје негира дека е организатор на протестите во Скопје. Во продолжение следи демантот во целот од руската амбасада:
„Во врска со шпекулациите проширени во некои медиуми дека митингот одржан деновиве пред Амбасадата на Русија во Скопје, како и обраќањето на Амбасадорот на Русија пред неговите учесници наводно претставува прекршување на Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, известуваме дека таквите тврдења покажуваат дека нивните автори малку знаат за содржината на Виенската конвенција. Ве потсетуваме дека Амбасадата на Русија не беше ниту иницијатор, ниту организатор на овој митинг. Меѓутоа, ние сме благодарни на стотици луѓе кои се собраа пред Амбасада за да му го изразат своето сочувство и поддршка на нашиот народ по повод неговата болка поради смрта на 64 луѓе, објавија минута молк за загинатите, јасно се изразија за пријателство и соработка меѓу Македонија и Русија, против провокации во однос на нашата земја, кои им нанесуваат штета на пријателските руско-македонски односи. Земајќи го предвид, долг е на професионален дипломат па и на секој воспитан човек да се излезе кон собраните и да им се заблагодари за солидарноста и поддршката. Токму тоа и се случи, и во овој израз на почит кон граѓаните на Македонија нема никакво прекршување на одредбите на Виенската конвенција која, патем речено, обврзува „да се поттикнуваат пријателските односи меѓу државата која испраќа и државата-домаќин“.
Сѐ друго е несовесни толкувања кои треба да останат на совеста на нивните автори, заинтересирани, како што изгледа според таквите шпекулации, само за ширење на тврдењата за „руското мешање и закана“ и влошување на односите меѓу Република Македонија и Руската Федерација. За никого не е тајна кои деструктивни сили стојат зад овие пропагандистички измислици“, се вело во демантот на Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

