Македонија
Обединети за Македонија: Да бидеме сплотени, единствени и обединети во мир и благосостојба

Обединети за Македонија по повод големиот христијански празник Велигден упатува честитка до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, до Синодот, свештенството на МПЦ и до сите православни христијани
Обединети за Македонија на сите христијани од православна вероисповед им го честита големиот празник Воскресение Христово Велигден.
„Славејки го овој празник пред се како христијани ја славиме победата над смртта, христовата жртва не поучува во овие моменти да бидеме сплотени, единствени и обединети во мир и благосостојба“, се вели во честитката на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Крадец снимен како го ограбува манастирот „Успение на Пресвета Богородица”

Непознато лице го ограбило манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во село Обрштани, Кривогашатани. На снимката од безбедносните камери се гледа машко лице со маска на главата како краде пари од манастирот.
„Во текот на ноќта манастирот ‘Успение на Пресвета Богородица’ е ограбен. Секој кој ќе го препознае сторителот да ги извести членовите на манастирскиот одбор“, повикаа од манастирот.
Македонија
Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група се Сарај, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Липково, Пробиштип, Валандово, Росоман, Боговиње, Врапчиште, Маврово Ростуше, Теарце, Дебар, Струга, Битола, Крушево, Долнени.
Министерот за локална самоуправа Златко Перински рече дека 36 општини аплицирале со проекти во вредност од максимумот на финансиски средства кои им следуваат согласно формулата по глава на жител, додека 27 општини имаат можност да аплицираат со уште проекти до максимум предвидената сума.
Владата апелира уште еднаш до сите локални самоуправи да ја искористат можноста и да го запазат законски предвидениот рок за пријавување до 30 април.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Фатмир Битиќи да каже кои се тие класифицирани информации што му се украдени

ВМРО-ДПМНЕ го прашува Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед?
„Фатмир Битиќи во изјава за медиуми во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Го прашуваме Фатмир Битиќи и СДС да кажат кои се тие класифицирани информации кои му се украдени, и како се нашле во негов посед? Дали станува збор за највисоки државни тајни, и како и зошто истиот тој ги чувал во својот дом?“, праша Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, државните функционери немаат право да ги изнесуваат државните тајни и класифицирани документи од институциите во кои тие се наоѓаат и каде се заштитени.
Тој го повика СДСМ да каже дали изнесувањето на клааифицирани информации од институциите со кои управувале е партиска пракса и насока?
„И СДС и Фатмир Битиќи веднаш да ги известат органите за каков вид на документи станува збор. А граѓаните дали со кражбата на тие документи е загрозена Македонија. СДС и Фатмир Битиќи мора да им кажат на граѓаните дали Македонија е загрозена со кражбата на документи кои Фатмир Битиќи не смеел да ги чува во свој посед? Воедно го повикуваме ЈО да поведе постапка против Битиќи. Одговорност мора да има“, рече Манасиевски.