Свет
(Видео) Во хемиски напад убиени 150 лица во Сирија
Сириското американско медицинско друштво (САМС) информираше дека со бомба е погодена болницата во која погинале шест лица, додека при напад со нервен гас е погодена околната зградаво градот Дума.
Сириските бунтовници ги обвинија владините сили за смртоносен хемиски напад на цивили во Дума, последното упориште на бунтовниците во Источна Гута. Додека дамаск го негира нападот, некои од хуманитарните организации проценуваат дека има и повеќе од стотина жртви.
Би-би-си јави дека спасители волонтери во Сирија пријавиле дури 150 жртви на нападот со отворен гас во градот Дума. Доброволците спасители од организацијата „Бели шлемови“ на Твитер објавија графички приказ на жртвите, додавајќи дека нивната бројка постојано расте.
Американскиот Стејт Департмент зјави дека ја следи ситуацијата и дека треба да се обвини Русија доколку е употребено хемиско оружје во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

