Свет
Мотивите за нападот во Минстер сè уште мистерија
Сè уште се утврдуваат мотивите за вчерашниот напад во Минстер, во кои загинаа две лица, а 20 беа повредени кога камион влета во толпа. Возачот кој го изврши нападот се самоуби. Полицијата во текот на вчерашниот ден бараше траги од експлозив низ градот. Засега се исклучува можноста дека станува збр за терористички напад.
Според досегашните сознанија, напаѓачот е Германец со психолошки проблеми, роден во 1969 година. Тој и претходно се обидувал да се самоубие, имал проблеми на работнити место, а во минатото бил вмешан во шверц со дрога.
Камионот удри вчера во поголема група луѓе кои се наоѓале во популарен ресторан посетуван и од многу туристи. Десетици се повредени, шест од нив се во критична состојба. Според „Зидојче Цајтунг“ полицијата го пребарала станот на напаѓачот, но демантира дека таму било пронајдено оружје. Областа на централната станица беше расчистена, а полицијата ги предупреди луѓето што живеат таму да останат во своите домови. Уред за експлозија не бил откриен.
Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл изјави дека засега нема никакви податоци за поврзување на атентаторот со исламистичките кругови. Во Твитер, полицијата ги повика луѓето да не дистрибуираат непроверени информации за тоа што се случило. Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон веќе го осудија нападот и изразија сочувство за жртвите.Во локалната катедрала утрово се одржа литургија во спомен на жртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

