Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев се коцка со највисоките национални интереси
По 11 месеци само Заев, Вицето и нивните соработници може да бидат задоволни од тоа каде биле, а каде се сега. Само Заев, Вицето, Анѓушев и функционерите на СДСМ може да бидат задоволни од тоа што Македонија тоне во корупција, се качуваат акцизите, расте криминалот и рекетот, а народот осиромашува. Впрочем после 10 месеци Заев наместо одговорност за барање поткуп од едно евро по квадрат, сега го реформира судството и си ги вика обвинителите на кафе, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев.
Според партијата, лекцијата за која Заев може да говори е како да се оштети државата за 8 милиони евра и потоа да се издејствува амнестија. Како да се спроведуваат тендери и криминални договори од општината со своите бизнис партнери, роднини и братучеди.
„Економијата на Заев доживува фијаско, а тоа се гледа по едноставниот факт што граѓаните оваа година во првите три месеци потрошиле 45 милиони евра помалку споредено со лани, што значи дека народот нема пари. Тоа значи дека паѓаат во вода сите негови фалби во екомијата чии бенефити ги гледа само кланот на власт. Единствените проекти со кои Заев се пофали се оние наследените од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, било тоа да се патиштата, било да се инвестициите, или енергетските проекти. Билансот на нови капитални инвестиции е нула. И она што се троши за капитални расходи е помалку од минатата година, а тоа е така затоа што освен тоа што нема нови проекти стотина започнати од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ се во застој или прекинати“, се вели во реакцијата.
Според опозициската партија, што се однесува до надворешната политика Зоран Заев е должен да објасни две работи: на што го темели својот оптимизам за името и ако вели дека ги штити државните интереси, тогаш која е причината поради која споменува крај на политичката кариера. „Дали тоа значи дека ќе донесе решение спротивно на волјата на мнозинството. Решение кое нема да e прифатливо за народот, па затоа e сведен дека тоа ќе e крај на неговата кариера. Второ дали воопшто разбира дека неговата кариера e безмислена и без никаква вредност за народот споредбено со важноста од достоинствено решение за името.
Во право е Заев дека последиците од некаква грешка и непринципиелни отстапки во преговорите со Грција би ги чувствувале и плаќале сите, но одговорноста е само негова, затоа што тој продожува лично да се коцка со највисоките национални интереси. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од Заев секогаш ќе биде на страна на Македонија и народот и во одбрана на нивните интереси“, се додава во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

