Македонија
Православните христијани го празнуваат Втор ден Велигден
Верниците денеска го слават вториот ден од големиот христијански празник Велигден. Денеска е државен празник и неработен ден во Република Македонија.
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.
Воскресението Христово завчера на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а Велигденска миса беше одржана во католичката црква Срце Исусово.
Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Меџити: Ако го прекршил законот, ќе одговара и Али Ахмети и секој од нас
„Законот е над сите нас, односно и над Али Ахмети. Ако згрешил кон законот, ако го прекршил законот, ќе одговара и Ахмети и секој од нас“. Ова денеска го изјави Изет Меџити, лидерот на Демократското движење, како одговор на изјавата на Али Ахмети, кој ја коментираше можноста ВЛЕН да го преземе раководството на МВР во идната влада.
Меџити рече дека имаат намера да преземат дикастери кои никогаш не ги воделе Албанците во последните 30 години.
„Нашата намера е да имаме застапеност во секторите за внатрешни работи итн., исто така некои сегменти од државата никогаш во овие 30 години не биле водени од Албанци, и ние ќе претендираме да се скрши мразот во овие ресори, рече Мeџити.
Македонија
(Видео) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада од ВМРО-ДПМНЕ
„Навистина е големо задоволство да се присуствува повторно на отворање на проекти кои што ги реализира општина Гевгелија. Честитки за градоначалникот навистина импресивно во исто време се градат 10 спортски игралишта, 10 вакви комплекси и со училиштата во општината мислам само зборува за тоа колку работи општината и градоначалникот“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
„По парламентарните избори и извесната победа на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ние ќе помагаме многу во општина Гевгелија. Знаете дека планираме да ги децентрализираме буџетските средства и сериозна сума на средства планираме да се впуштаат тука во Гевгелија како би се решиле сите инфраструктурни проекти. Секако тука доаѓа и инвестирањето во економскиот развој, има сериозна индустрија во Гевгелија, пред се во земјоделскиот сектор или преработувачка индустрија, каде планираме да дадеме сериозна поддршка, пред се на извозните фирми.
Она што исто така би сакал да го споменам, можеби и нема подобро место од Гевгелија, тоа е поврзано со нашата сериозна одлука да ги испратиме ДУИ во опозиција и да одговараат за криминалот.
Мислам дека од овде е право време и место да повторно го прашам Артан Груби каква е неговата улога во индициите за криминал што ги има во Лотарија на Македонија, зошто токму тој притискаше толку силно за измените на Законот за игри на среќа, која е неговата улога во нелегалното доделување на втора лиценца за видео лотарија, како и која е неговата улога во нелегалното доделување на три лиценци за онлајн игри на среќа. Од една страна велеа дека сакаат да ги отстранат местата за обложување за да не се обложувале децата, а од друга страна дадоа три лиценци за онлајн игри на среќа при што на секое дете веќе на телефон му е веќе можноста да се обложува што секако ќе се согласите не е во ред.
Сето ова ќе го испитаме по парламентарните избори и по формирањето на влада на ВМРО-ДПМНЕ без ДУИ, а мислејќи дека и имајќи во предвид дека Артан Груби не сака да одговори на јавноста ќе треба да одговара пред соодветните органи во Република Македонија“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.
Македонија
Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001
Денес, Носителот на ИЕ6, Игор Димески од Левица, во Тетово имаше средба со бранителите од 2001 година.
Од населбата Два Бреста во Тетово, во паркот кај споменикот Иљо Антевски-Смок, Димески порача:
„Левица ќе направи сè, за да се институцијализираат барањата на бранителите. Потребен е нов закон за бранители, за да не бидат третирани како граѓани од втор ред, како што е во моментов”.
Бранителите ги изнесоа своите барања и нереализирани ветувања од претходните власти, кои останаа само празни усни ветувања. Исто така, бранителите ги поздравија заложбите на Левица, истакнати од Димески, соопшти Левица.