Македонија
Одложени седниците за реформските закони за правосудството
Седниците на кои пратениците денеска требаше да гласаат за дел од реформските закони од областа на правосудството се одложени за в четврток.
„Ве известуваме дека дваесет и втората, триесет и четвртата и триесет и петтата седница на Собранието на Република Македонија наместо на 10 април, ќе продолжат на 12 април во 11 часот“, се вели во кусото известување од Собранието.
На дневен ред на 22. седница на дневен ред е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци, по скратена постапка. На 34. седница на дневен ред е предлог-законот за дополнување на Законот за судовите во второ читање, како и предлогот за објавување јавен оглас за избор на составот на Државната изборна комисија.
На дневен ред, пак, на 35. седница е дополнетиот предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за јавното обвинителствово второ читање и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за кривичната постапка во второ читање.
Премиерот Зоран Заев повеќепати повтори дека очекува законите да бидат донесени пред објавување на извештајот на Европската комисија на 17 април. Реформските закони се дел од планот 3-6-9 кои, според Заев, веќе се усогласени со опозицијата.
Во однос на интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и барањето на опозицијата точката да биде ставена на дневен ред пред седницата за реформските закони, Заев вели дека нивно право е да поднесат интерпелација, но истовремено мора да се води грижа и за законите што треба да бидат донесени во предвидениот рок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

