Македонија
Продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Денеска во кривичниот суд ќе продолжи судењето за предметот „Тенк“ за набавка на „мерцедесот“. За овој предмет осомничени се експремиерот Никола Грувски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.
Ново рочиште треба да се одржи и за случајот „Тарифа“, каде што три лица се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба во постапка за јавна набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ.
Денеска на обвинителната клупа требаше да седне и новинарот Драган Павловиќ-Латас како осомничен за затајување на данок во предметот „Тотал“. Рочиштето се одложи бидејќи Латас не се појави пред судот поради здравствени и семејни причини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.