Македонија
Средба на претседателот Иванов со вселенскиот патријарх Вартоломеј

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во Истанбул оствари средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј I. Претседателот упатувајќи честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, ги поздрави активностите и напорите на вселенскиот патријарх за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии.
„Во време кога светот се соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит“, истакна македонскиот претседател.
На средбата беа разменети мислења за повеќе актуелни теми од заемен интерес. Двајцата соговорници разговараа за прашања поврзани со статусот на Македонската православна црква – Охридска aрхиепископија. Претседателот Иванов истакна дека МПЦ-ОА е жива црква, додека вселенскиот патријарх изрази надеж дека прашањето ќе се реши. Претседателот Иванов упати покана до вселенскиот патријарх да ја посети Република Македонија, по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.
Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 21. Евроазиски економски самит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )
Македонија
Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Времето во наредните денови
До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен. Потоа следува период на стабилно и потопло време.