Македонија
Украинскиот министер за надворешни работи во официјална посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска беше домаќин на неговиот украински колега Павло Климкин, кој престојува во прва официјална посета на Република Македонија.

На средбата министрите разговарале за односите меѓу двете земји и можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, особено на економски план.
Министрите ја реафирмираа заедничката визија за побезбедна и постабилна Европа и меѓусебната поддршка и соработка во остварувањето на надворешно-политичките приоритети на двете земји.
Беше потврден интересот за унапредување на економската соработка, трговијата и деловните врски. Во тој правец, министрите ја потенцираа заедничката определба за што поскорешно потпишување спогодба меѓу двете земји со која ќе се воведе безвизен режим за краткорочните патувања на граѓаните на двете држави, со што би се поттикнале и олесниле контактите меѓу двете земји.
На средбата беа разменети мислења и за европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.
По средбата, министрите Димитров и Климкин потпишаа Заедничка декларација меѓу Министерството за надворешни работи на република Македонија и Министерството за надворешни работи на Украина, како и Меморандум за соработка меѓу Дипломатската академија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 11 часот во четирите општини е 3,32 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 11:00 чaсот, од вкупно запишани 128.286 гласачи на 215 избирачки места од општините Врапшиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде денеска се спроведуваат повторените избори за градоначалник на општина, гласале
3.553 гласачи, односно 3.32 %.
– Врапшиште, гласале 834 гласачи, односно 3.02 %.
– Гостивар, гласале 1937 гласачи, односно 3.14 %.
– Центар Жупа, гласале 168 гласачи, односно 2.22 %.
– Маврово и Ростуше, гласале 624 гласачи, односно 5.90 %.
Како што информира ДИК, во споредба со гласањето на 19 октомври 2025, до 11:00 часот, на овие повторени избори се забележува разликата во однос на излезеноста во овие општини и тоа:
– Врапшиште, зголемена за 0.48_%.
– Гостивар, намалена за 1.96 %.
– Центар Жупа, намалена за 2.61 %.
– Маврово и Ростуше, намалена за 5.82 %.
Македонија
(Видео) ДИК: Излезноста до 9 часот во четирите општини е 1,12 отсто
Државната изборна комисија на својата веб-страница објави дека до 9:00 часот утринава, излезноста на гласачите во четирите општини каде што се одржуваат повторени избори за градоначалник е 1,12%.
По општини:
– Врапчиште – 1%
– Гостивар – 0,93%
– Маврово–Ростуше – 2,89%
– Центар Жупа – 0,75%
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, на прес-конференција кажа дека на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а едно избирачкото место во Ќафа не е воопшто отворено.
Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128.286 избирачи.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.

