Македонија
Величковски во работна посета на Хрватска
Воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, од 11 до 13 април престојува во работна посета на Вооружените сили на Република Хрватска, каде што оствари средба со неговиот домаќин, началникот на ГШ на хрватските ВС, генерал Мирко Шундов.
Целта на посетата е да се разгледаат можностите за подобрување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии, како и во рамките на САД-Јадранската повелба (А-5). На средбата на ниво на началници на генералштабовите пред сè се разговарало за можностите на зголемување на нивото на изведување заедничка воена обука преку користење на капацитетите на двете армии. Делегацијата на АРМ во текот на денешниот ден оствари средба и во Министерството за одбрана на Република Хрватска.
Од страна на генералот Величковски за време на разговорите е истакнато значењето за севкупната безбедност во регионот од заокружување на процесот на прием во НАТО на земјите членки на А5. Помеѓу другото, Величковски посочи дека соочувањето со новите форми на безбедносни предизвици претставени преку екстремниот радикализам и сајбер-нападите е возможно само преку градење заеднички капацитети во одбраната на што Република Македонија останува целосно посветена.
Во рамките на тридневната посета предвидена е и посета на командата за специјалните сили на ВС на Р.Хрватска во Делнице и високото воено училиште „Д-р Фрањо Туџман“. Делегацијата ќе оствари средби со командантите на центрите и единиците кои ќе ги посетат припадниците од АРМ кои се наоѓаат на школување на военото учеилиште.
АРМ има развиено добра билатералната воена соработка со вооружените сили на Република Хрватска, така што за потребите на АРМ во хрватската висока воена школа се школуваат офицери за усовршување на високи штабни и командни должности, а во рамките на иницијативата А5 се реализираат и повеќе заеднички вежбовни активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

