Економија
Иванов: Нашата цел е трговската размена меѓу Македонија и Турција да достигне 1 милијарда долари
Во 2012 година со турскиот државен врв направивме преглед на нашите билатерални односи и заклучивме дека политичките односи се на одлично ниво, но, сепак, она што недостасуваше беше економската соработка. Затоа, си поставивме една цел – а тоа е годишната трговска размена да ја покачиме на една милијарда долари, порача претседателот Иванов во своето обраќање пред турските стопанственици во Истанбул.
На бизнис-вечерата, на која присуствуваше делегација на Стопанската комора на Македонија, раководството на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ) и стопанственици од Турција, македонскиот претседател говореше за унапредување на економските односи меѓу двете земји преку зголемување на трговската размена и на инвестициите.
„Нас нè радува перманентниот економски развој и економските успеси на Република Турција. Од друга страна, пак, Република Македонија нуди огромен број можности. Едно е јасно, можеме многу повеќе и во инвестициите и во трговската размена“, рече претседателот Иванов.
Тој истакна дека како држави и институции се прави сè за да се олесни патот кон целта, а, за тоа, како што вели, помогнале и географската близина, добрата инфраструктурна поврзаност и директните авионски линии меѓу Македонија и Турција.
„Како што македонската и турската држава си ги почитуваат ветувањата, така и турските и македонските стопанственици знаат да го испочитуваат зборот што ќе си го дадат едни на други. И со тоа вие, стопанствениците, градите доверба која потоа се пренесува на граѓаните, на потрошувачите. Македонските граѓани имаат доверба во турските производи кои по ништо не заостануваат зад европските брендови“, им порача македонскиот претседател на присутните стопанственици.
Претседателот Иванов во својот говор нагласи и дека се подобрува договорната состојба меѓу Македонија и Турција, и потсети дека историските корени на македонската економија се токму во турските чаршии и турските пазари во кои функционирале еснафите.
Членот на управниот одбор на Унијата на комори и берзи на Турција (ТОББ), г. Џенгиз Гунај, потсети дека претседателот Иванов е многу значаен за ТОББ и побара негова поддршка за нивелирање на царините меѓу двете земји.
„Македонија е во срцето на Југоисточна Европа и е порта кон 650 милиони потрошувачи. Околу 100 турски компании веќе инвестирале 1 милијарда и 500 милиони долари и отвориле 5000 работни места во Македонија“, рече г. Гунај.
Претседателот Иванов, кој престојува во работна посета на Република Турција, денеска ќе се обрати на претседателската сесија на 21. Евроазиски економски самит, чија цел е унапредување на економската и регионалната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

