Свет
Три несреќи за три дена: Падна уште еден руски воен хеликоптер

Регистрирана е нова несреќа на руските воздухопловни сили. Како што пренесоа руските медиуми, транспортно-борбен хеликоптер „ка-29“ синоќа паднал во Балтичкото Море за време на ноќен лет. При инцидентот загинале двајца членови на екипажот. Според претставниците на Балтичката флота, несреќата се случила минатата ноќ и тоа при поволни временски услови. Во тек е пребарување на областа во која паднал хеликоптерот.
Колку за потсетување, руски борбен авион за обука на пилоти се урна вчера во регионот Вороњеж, при што никој не беше повреден бидејќи екипажот се катапултирал. За време на падот, околу 9:40 по локално време, во авионот биле инструктор и пилот од академијата.
Пред два дена падна и руски хеликоптер „ми-8“, а во тој инцидент загинаа шест лица. Хеликоптерот паднал во Хабаровск, на крајниот исток од Русија. При падот избил пожар во леталото. Рускиот истражен комитет соопшти дека хеликоптерот вршел пробен лет. Во врска со овој случај почна истрага, а официјални лица изјавија дека постојат три верзии за несреќата – временски услови, технички дефект или пилотска грешка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мелони: Италија е еден чекор поблиску до признавање на Палестина

Италија сега е поблиску до признавање на државата Палестина по постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа меѓу Израел и Хамас, изјави италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесе Анадолија.
„Очигледно, ако планот се спроведе, признавањето на Палестина од страна на Италија сигурно ќе биде поблиску“, изјави Мелони за новинарите на маргините на Мировниот самит во Шарм ел Шеик во Египет, објави АНСА.
Таа нагласи дека Италија сака да го поддржи воспоставувањето палестинска држава, а воедно да продолжи со хуманитарната помош за народот во Газа.
Мелони додаде дека Италија е подготвена да помогне во стабилизирањето на ситуацијата во Газа, вклучително и можноста за испраќање карабинери, доколку тоа го побара резолуција на Обединетите нации.
„Италија е подготвена да го даде својот придонес. Ова е одлична можност, историски ден. Горда сум што Италија е тука“, рече премиерката.
Таа го опиша договорот за прекин на огнот како „голем успех“ за американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи: „Му посакуваме уште поголем успех, почнувајќи од Украина“.
фото: принтскрин
Свет
Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме, но објави дека бродовите изградени во Кина ќе бидат ослободени, објави државниот радиодифузен сервис CCTV.
Деталите ги разјаснуваат специфичните одредби за ослободување, вклучувајќи бродови изградени во Кина, празни бродови што влегуваат во кинески бродоградилишта само за поправки и други бродови што се сметаат за ослободени од плаќање.
Кинеското Министерство за транспорт минатата недела објави дека ќе воведе нови пристанишни такси за да ги надомести американските пристанишни такси за бродовите што се упатуваат кон Кина, почнувајќи од истиот ден.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови во областа, соопштија службеници за итни случаи.
Екипите на Националниот систем за управување со ризици соопштија дека спасувачките напори се во тек, а телата се пронајдени во три одделни окна.
Un despreocupado minero nos enseña como se destruyen ecosistemas en busca de #OroDeSangre
…con la confianza cimentada en una lamentable certeza: la cómplice inacción castrense al #SurDelOrinoco pic.twitter.com/oissyKhXH1
— Fritz Sanchez (@Fritz_A_Sanchez) October 12, 2025
„Првата фаза од работата е испумпување на сите окна во секторот за да се намали нивото на водата, по што ќе следи проценка на спасувачките напори“, соопштија службеници за итни случаи во објава на социјалните медиуми.