Македонија
Ослободителна пресуда за обвинетите за убиство на тројцата полицајци во Арачиново 2000 година
Кривичниот суд денеска, по 18 години, донесе ослободителна пресуда за обвинетите Рамиз Асани, Муча Бајрами, Емрула Емрулаи и Лирим Динарица, обвинети за убиството на тројцата полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак кое се случи на 11 јануари 2000 година на влезот во Арачиново.
Лирим Динарица, еден од обвинетите, по објавување на ослободителната пресуда изјави дека во нивна одбрана имало стотина сведоци кои изјавиле дека тој и останатите обвинети немаат никаква врска со убиството на тројцата полицајци.
„Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било. Жално е што во затворите во Македонија лежат многу невини луѓе, не само од овој случај, туку и од многу други“, изјави Динарица.
За случајот севкупно беа обвинети 6 лица вклучувајќи ги и сега починатите Башким Асани и Агим Асани. Обвинетите веќе еднаш добија ослободителна пресуда поради недоволно докази, но по жалбата на Обвинителството Апелациониот суд ја укина првостепената одлука по што постапката беше вратена на почеток.
Тројцата полицајци кои на 11 јануари 2000 година беа убиени учествувале во акција за пронаоѓање украдени автомобили при што на нив беа испукани голем број куршуми од автоматско оружје. Во јавноста овој случај се смета за почеток на конфликтот кој следеше една година подоцна.
Првообвинетиот Динарица во истражната постапка првично го признал делото каде во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот велејќи дека бил присилен да признае нешто што не го сторил.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

