Македонија
Државниот санитарен и здравствен инспекторат отвори телефонска линија за пријавување неправилности
Државниот санитарен и здравствен инспекторат отвори бесплатна телефонска линија со број 080025555, на која во текот на работното време ќе можат да се пријавуваат неправилности во надлежност на Инспекторатот.
„Инспекторатот врши надзор во областа на санитарно-хигиенската и епидемиолошката заштита, а особено над спроведувањето на мерките за појава и спречување на заразните болести во објекти кои подлежат на надзор од ДСЗИ, по евидемиолошка индикација во објектите за производство и промет на храна, надлежности во однос на безбедноста на предметите за општа употреба и тоа; детски играчки, средства за одржување на чистотат, козметички производи; исполнување на условите за вршење дејност во објекти од надлежност на снитарната и здравствената инспекција; санитарно-хигиенските услови во објектите, просторот, просториите, уредите и опремата во кои се врши здравствена дејност и дејности во областа на образованието, културта, социјалната заштита, спортот и рекреацијата, јавниот превоз, угостителството, туризмот, трговијата и другите стопански гранки“, соопшти Инспекторатот.
Во областа на здравствената заштита, како што вели, Инспекторатот врши надзор особено над остварувањето на правата од здравствената заштита, остварувањето на правата од здравственото осигурување, вршењето здравствена дејност согласно со одобрение од МЗ, почитување на работното време во здравствените установи, водењето на евиденциите во областа на здравството, примената на прописите од областа на здравството (ментално здравје, биомедицинско потпомогнато оплодување, прекин на бременост и др.) од областа на правата на пациентите, начинот на постапување со медицинскиот отпад во здравствените установи, примената на одредбите од областа на заштитата од пушењето и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

