Култура
„Јами дистрикт“ апсолутен победник на „Лица без маски“
Претставата „Јами дистрикт“, во режија на Кокан Младеновиќ, е добитник на Гран при за најдбора претстава во целина на 11. ИТФ „Лица без маски“. Жири-комисијата ја сочинуваа Нина Николиќ, режисер и претстедател на жири-комисијата, заедно со членовите Дарја Ризова, актерка, и Драгана Лукан-Николовски, драматург.
„Претставата „Јами дистрикт“ е заокружен проект во кој јасно се гледа соработката на целата авторска екипа. Занимавајќи се со проблемот на идентитетот во современите општества, особено на Балканот, таа отвора прашања кои вечно остануваат неодговорени. Направена во форма на лажен документарец, проектот јасно покажува дека е производ на темелна анализа и фокусирана работа на сите учесници, чиј краен резултат е претстава во целина која нè наведува постојано да се преиспитуваме, но и која длаболко емотивно нè допира“, стои во образложението на жири-комисијата.
Проектот „Јами дистрикт“ ја освои и наградата за најдобра режија, која му е доделена на Кокан Младеновиќ, кој според жири-комисијата успешно ги синхронизира мноштвото приказни и ликови успевајќи да направи едноставни и совршено јасни предоди во наративната линија. Ритамот на претставата прецизно го следи емоционалниот набој на приказната, со што во целост го задржуива вниманието за време на целата претстава.
Наградата за најдобро актерско остварување ѝ е доделена на актерката Нина Нешковиќ од претставата „Јами дистрикт“, која низ спректар на разни актерски техники покажа исклучиетлно моќна и прецизна актерска игра, со брзи и јасно видливи трансформации преку низа многубројни машки и женски ликови, истовремено задржувајќи ја енергијата на играта од почетокот до крајот на претставата.
Жири-комисијата одлучи да додели и награда за оригинален концепт за проектот „Арктик“, во продукција на шпанскиот независен театар „Понтен Пие“.
„Претставата „Арктик“ на оригинален начин ја воведува публиката во еден сосема нов простор предизвикувајќи несекојдневно сетилно доживување. Поради ова, гледачот станува учесник во магичното, поетично дејство, кое без ниту еден збор успева да раскаже потресна, вистинита општочовечка приказна“, се вели во образложението на жири-комисијата.
11. издание на ИТФ „Лица без маски“ беше затворен со спектакуларната изведба на претставата „Ла, ла, ла“, во режија на Саша Евтимова. Од 12 до 16 април во официјалната програма беа прикажани седум театарски прозиводи од земјава, Грција, Шпанија, Србија и од Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.
Култура
Вердиевата спектакуларна опера „Трубадур“ на 11 мај на „Мајските оперски вечери“
На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди, во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. Билетите за премиерната изведба на „Трубадур“ на 9 мај се распродадени.
Диригент е Иван Еминовиќ, режијата е на реномираниот македонски режисер, Иван Поповски кој живее и работи во Москва повеќе од две децении и за своите врвни уметнички достигнувања е добитник на највисоки признанија во Русија и низ светот и за првпат поставува опера на македонската сцена. Сценографијата е на Миодраг Табачки од Србија, костимографијата е на Марија Пупучевска, а кореографијата на Саша Евтимова.
Во улогата на Манрико ќе настапи гостинот од Чиле, Филипе Рохас, тенор кој настапувал на повеќе светски сцени, во улогата на Гроф Луна ќе настапи нашиот баритон Ристе Велков, во улогата на Леонора ќе настапи гостинката од Канада Криста де Силва, драмски сопран препознатлива по нејзините темни мистични бои. Во улогата на Ацучена ќе настапи, Сања Анастасиа, мецосопран, првенка на операта во Народниот театар во Белград. Во улогата на Ферандо ќе настапи нашиот бас, Владимир Саздовски кој е чест гостин на светските оперски сцени. Во останатите улоги ќе настапат: Јане Дунимаглоски, Ана Ројдева, Тихомир Јакимовски и Дејан Стоев во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.
Романтична љубов, смртна љубомора и oдмазда се движечките драмски елементи на операта „Трубадур“ од италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Операта се одликува со прекрасна музика и спектакуларно предводени вокални делови кои пренесуваат силни емоции, додека исклучително сложената приказна изобилува со огнена страст.
Култура
Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“
Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“
Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.
Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.
Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.