Свет
На американски авион му експлодирал моторот во лет – патниците 15 минути стравувале за своите животи
Авион марка „боинг 737“ на компанијата Southwest Airlines утрово по локално време бил принуден да слета на аеродромот во Филаделфија, пренесува телевизијата Си-би-ес.
Во авионот патувале 149 патници од Њујорк до Далас, кога еден од моторите експлодирал. Како што се наведува, во кабината на авионот дошло до опаѓање на нивото на кислород, откако парче од моторот скршило еден од прозорците.
What a flight! Made it!! Still here!! #southwest #flight1380 pic.twitter.com/Cx2mqoXVzY
— Joe Marcus (@joeasaprap) April 17, 2018
Патникот во авионот, Марти Мартинез, на „Фејсбук“ објавил дека во еден миг помислил дека тоа се неговите последни минути.
„Авионот на летот 1380 од Њујорк до Далас принудно слета во Филаделфија. Моторот на авионот експлодира и разнесе прозорец три места подалеку од мене. Во експлозијата сериозно е повредена една жена која седела на прозорецот. Пред нас испаднаа маските кислород“, напишал Мартинез на својата објава.
Патниците од авионот на социјалните мрежи објавија дека експлозијата на моторот се случила на 10.000 метри надморска височина и дека биле сигурни оти нема да го преживеат принудното слетување.
„Слетувањето траеше околу петнаесет минути, а во кабината се слушаше плачењето на патниците. Владееше голем страв, мислевме дека тоа е крајот“, пишува Мартинез. Откако авионот слетал, веднаш пристигнале амбулантни возила и пожарникари. Некои патници ја напуштиле кабината со помош на медицински лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Доналд Трамп е „единствениот западен лидер“ кој ја разбира позицијата на Русија во врска со Украина.
Според државната агенција ТАСС, тој го пофали Доналд Трамп како „единствениот западен лидер“ кој покажува разбирање за позицијата на Москва во врска со Украина, пренесува „Скај њуз“.
Лавров се осврна и на Обединетото Кралство и на Европската Унија, велејќи дека двете страни се во „безнадежно политичко слепило“ и се залажуваат со илузијата дека можат да ја надминат Русија.
ТАСС, исто така, објави дека Лавров рекол дека Москва нема намера да војува со Европа.
Наместо тоа, Русија останува подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени војници.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Објавена снимка од апсењето на Луиџи Манџионе во „Мекдоналдс“
На суд беше прикажана снимка од полициска камера која ги покажа моментите непосредно пред апсењето на Луиџи Манџионе, која наместо да биде клучен доказ, би можела сериозно да му наштети на случајот на обвинителството. Снимката од „Мекдоналдс“ во Пенсилванија стана фокус на правна битка што би можела да го одреди исходот од целото судење, објавува „Телеграф“.
Иако се очекуваше видеото да го поддржи случајот на обвинителството, одбраната сега го користи за да ја доведе во прашање легалноста на дејствијата на полицијата. Деталите снимени на видеото, велат адвокатите на Манџионе, ја зголемуваат можноста дека клучните докази против нивниот клиент се добиени нелегално.
Судот сега мора да одлучи за правната тежина и прифатливоста на самата снимка. Одлуката ќе биде клучна не само за судбината на Луиџи Манџионе, туку и за понатамошниот тек на едно од најгледаните судења во Соединетите Американски Држави.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата не му ги прочитала правилно неговите уставни права пред да го уапси и дека ги претресла неговите работи без налог.
Манџионе е обвинет за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „Јунајтед Хелткеар“, во Њујорк. Тој се изјасни за невин по федералните и државните обвиненија за убиство.
фото: Depositphotos
Свет
Песков повика на претпазливост поради можно прислушување од страна на странски служби
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руските претставници мора да бидат исклучително внимателни поради заканата од прислушување од страна на странски разузнавачки агенции.
„Разузнавачките агенции си ја работат својата работа. Особено непријателските. Ова бара руските претставници да бидат исклучително внимателни“, рече Песков, реагирајќи на неодамнешната изјава на раководителот на главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, дека официјален Киев можеби ги прислушкува претставниците на Кремљ, пренесува Интерфакс.
На крајот на ноември, порталот „Блумберг“ објави транскрипти од телефонски разговори наводно водени меѓу специјалниот претседателски претставник на САД, Стив Виткоф, и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и специјалниот претседателски претставник, Кирил Дмитриев.
Иако Ушаков не ги коментираше разговорите, тој призна дека доста често комуницира со Виткоф, вклучително и преку социјалната мрежа WhatsApp. Ушаков посочи дека информациите протекуваат од некаде или прислушувањето го вршат „оние кои се заинтересирани да го нарушат дијалогот меѓу Русија и САД“.
Фото: депозитфотос

