Македонија
Македонија ќе преземе дел од австриските искуства за управување со јавните патишта

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, претстојува во работна посета во Виена, каде што остварил средба со менаџментот на Јавното претпријатие за патишта од Австрија (ASFINAG).
Целта на работната посета е зголемување на соработката меѓу двете претпријатија преку размена на искуства во делот на управување со јавните патишта, управување со тунели, безбедноста во сообраќајот, како и моделите на наплата на патната такса.
„Имам чест да претстојувам во посета на Јавното претпријатие каде што со моите колеги разговаравме за сите аспекти од управување на патиштата. Се запознавме со новитети во работата и се надевам дека вакавата посета ќе овозможи напредните методи што ги користат со системот на управување, да ги искористиме и во нашето претпријатие“, изјави Китанов.
Директорот ЈП за државни патишта го посети и главниот контролен пункт, каде одблизу се запозна со мониторингот врз јавните патишта на цела територија на Австрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)