Македонија
Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија
Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата на „Актор“ пред тунелите кај Демир Капија. 35 од нив се од Пакистан и тројца од Индија.
Кога полициските службеници го забележале товарното возило со велешки регистарски таблички во близина на месноста Арсови Лаки и дале знак за запирање, возачат не запрел, туку продолжил да се движи кон тунелите кај Демир Капија. Полициската патрола, поради сомневање, се упатила по возилото и по извесно време возилото е пронајдено, оставено и без возач, со мигрантите сместени во товарниот дел од комбето.
„Со проверки е констатирано дека возилото имало лажни регистарски таблички. Со мигрантите, кои биле на возраст од 17 до 41 години, извршен е разговор, при што е констатирано дека тие илегално пешки влегле во Македонија од Грција во текот на претходната ноќ, а со помош на лица, исто така мигранти. Тие влегле во Македонија со намера илегално да транзитираат преку Србија до западноевроските земји, а за цена од 4.000 евра поединечно до крајната дестинација“, соопшти МВР.
Се работи на целосно расчистување на случајот и откривање на инволвираните лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

