Свет
Директорот на ОЗХО ги отфрли тврдењата на Русија за нервниот агенс

Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО), Ахмет Узунџу, ги отфрли тврдењата на Русија.
„Тоа нема никаква врска со примероците што ОЗХО ги собра во Солсбери“, пресече директорот.
Русија за време на состанокот поднесе доказ дека агенсот „новичок“ е произведен и патентиран во САД како хемиско оружје во 2015 година.
Постојаниот претставник на Русија во Организацијата за забрана за хемиското оружје (ОЗХО), Александар Шулг, покажа документ од Канцеларијата за патенти на САД, што датира од 1 декември 2015 година. Во докуменот станува збор за изработка на специјален куршум, полн со отровни супстанции.
Претходно, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва добила доверлива информации од лабораторија во Швајцарија, каде што биле анализирани примероци од самото место кога се случило труењето и дека документите укажуваат оти Скрипал и Јулија биле отруени со агенс произведен на Западот.
Лавров тогаш рече дека во согласност со документите постојат траги за употреба на нервниот агенс „БЗ“, кој се наоѓа во арсеналот на САД, Британија и други земји членки на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Институт за војна: Лавров и Путин подготвуваат терен за инвазија на земјите на НАТО

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и други високи функционери во Москва се обидуваат да го искористат руското колонијално минато за да ја оправдаат евентуалната идна агресија врз членките на НАТО, се вели во новата анализа на Институтот за проучување на војната (ИСВ). Земјите на НАТО, особено оние кои се граничат со Русија, се’ повеќе предупредуваат дека Москва би можела да ја нападне територијата на Алијансата во наредните години.
Долго време се шпекулира дека Кремљ можеби нема да почне отворена воена инвазија, туку наместо тоа користи тактики за хибридно војување – како што се сајбер напади, ширење на дезинформации и напади врз клучната инфраструктура, како што се подморските кабли. Но, можностите се многубројни. Русија би можела да ја „тестира силата на НАТО“ преку ограничени територијални упади, рече генерал-полковник Јирген-Јоаким фон Сандрарт, поранешен командант на мултинационалниот корпус на НАТО североисточниот дел во Полска, во интервју за „Њусвик“ непосредно пред да ја напушти функцијата во ноември.
НАТО се заснова на принципот на колективна одбрана од член 5 од основачкиот договор, според кој напад врз една членка е напад врз сите.
Сергеј Лавров за рускиот „Комерсант“ изјави дека опасно е кога фашистите владеат со територии кои отсекогаш им припаѓале исклучиво на Руската империја и на Советскиот Сојуз. Ваквите изјави покажуваат дека Кремљ сè уште смета дека независните земји со кои некогаш владеела Руската империја или СССР се дел од модерна Русија, предупредува „ИСВ“ во својата најнова анализа.
Институтот потсетува дека Естонија, Латвија и Литванија – трите балтички држави на источниот раб на НАТО – како и Молдавија, беа дел од поранешниот Советски Сојуз и Руската империја. Денес Молдавија е во преговори за влез во Европската унија. Финска, една од најновите членки на НАТО со која Русија дели долга копнена граница, исто така беше под руска власт во 19 век. Значаен дел од Полска исто така некогаш бил дел од Руската империја.
„Неколку високи руски функционери, вклучително и претседателот Владимир Путин и советникот за национална безбедност Николај Патрушев, ја користат историјата на рускиот колонијализам за да го подготват теренот за идна агресија против државите на НАТО“, предупредува овој институт.
Естонската разузнавачка служба на почетокот на годината предупреди дека доколку Русија успешно ја реформира војската, НАТО повторно би можел да се соочи со советскиот модел на масовна армија во следната деценија.
На крајот на 2022 година, поранешниот руски министер за одбрана Сергеј Шојгу најави длабински реформи на руските вооружени сили. Иако таквата армија би била технолошки послаба од НАТО, освен во областа на електронското војување и ударите со долг дострел, естонските власти нагласуваат дека нејзиниот севкупен воен капацитет би бил „значаен“.
Данската воена разузнавачка служба, исто така, оваа година предупреди дека Русија можеби е поподготвена да употреби сила во регионалните конфликти со една или повеќе европски држави на НАТО, особено ако оцени дека НАТО е ослабен или политички поделен. Според нивните проценки, на Русија и требаат околу пет години да се подготви за голема војна на европско тло без американско воено учество.
Естонскиот министер за одбрана Хано Певкур во ноември изјави за „Њузвик“ дека доколку има прекин на огнот во Украина, а руските трупи кои моментално се распоредени на истокот бидат ослободени од тие обврски, Путин ќе има стотици илјади војници подготвени за нови операции.
„Тоа значи дека руската армија ќе има на располагање големи сили кои најверојатно ќе бидат префрлени во нашето соседство“, предупреди Певкур.
Балтикот и Полска се водечки меѓу членките на НАТО кои брзо ги зголемуваат инвестициите во одбраната. Целта е да ги зајакнат сопствените армии и на тој начин да ја одвратат Москва од можни напади.
Свет
Украина: Русија го прекршила делумниот прекин на огнот најмалку 30 пати

Русија повеќе од 30 пати го прекршила делумниот прекин на огнот што ја покрива енергетската инфраструктура откако тој беше договорен во март, насочена кон клучната инфраструктура низ Украина, изјави на 16 април портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи.
„Редовно испраќаме детални информации за секое од овие прекршувања до земјите партнери и седиштата на меѓународните организации“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Хеорхиј Тихиј за време на брифингот, како што пренесе „Киев Индипендент“.
Тихиј изјави дека во последните 24 часа се евидентирани три прекршоци. Руските напади оштетија трансформатори во регионот на Миколаев и во близина на Херсон, и далновод во регионот Полтава. Тој нагласи дека украинските власти активно споделуваат информации за овие прекршувања со меѓународните партнери, вклучително и САД.
Прекинот на огнот за енергетската инфраструктура требаше да ја заштити електричната мрежа од напади и е во сила од 25 март. Киев постојано ја обвинува Москва дека систематски го игнорира овој договор.
Рускиот претседател Владимир Путин се согласи на 30-дневна суспензија на нападите врз енергетската инфраструктура за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, наредувајќи да се прекинат нападите врз енергетскиот систем на Украина.
Делумното примирје договорено во март вклучуваше поморско примирје на Црното Море. Како дел од договорот, Вашингтон вети дека ќе помогне во олеснувањето на рускиот извоз на земјоделски производи и производи од вештачко ѓубриво преку намалување на трошоците за поморско осигурување и подобрување на пристапот до пристаништата и платните системи.
Кремљ изјави дека неговото учество во делумниот прекин на огнот на Црното Море ќе започне дури по укинувањето на одредени западни санкции.
Украина и САД претходно се согласија за целосен 30-дневен прекин на огнот за време на разговорите во Џеда на 11 март. Русија го отфрли предлогот освен ако не вклучува отстапки што ќе ја ослабат способноста на Киев да се брани, вклучително и целосно прекинување на странската воена помош.
Додека американските дипломатски напори за ставање крај на војната продолжуваат, украинските власти велат дека Русија продолжува да инсистира на максималистичките барања и покажува мала волја да постигне сеопфатен мировен договор. Киев тврди дека е подготвен за целосен прекин на огнот доколку Москва се согласи на реципроцитет.
Во текот на целата војна, Русија постојано ја напаѓаше електричната мрежа на Украина со проектили и беспилотни летала. Украина одговори со напади со беспилотни летала со долг дострел врз постројки за нафта и гас длабоко во руската територија.
Свет
Десетгодишно девојче во САД било киднапирано од маж што го запознало на Интернет

Маж од Калифорнија е уапсен за киднапирање на 10-годишно девојче кое, според властите, го запознал преку гејмерските платформи „Роблокс“ и „Дискорд, пишува „Си-ен-ен“.
Метју Макатуно Навал (27) е уапсен во неделата под сомнение за киднапирање и незаконски сексуални дејствија со малолетник, објави Канцеларијата на шерифот на округот Керн.
„Си-Ен-Ен“ се обидува да открие дали Навал има адвокат.
Замениците на шерифот на округот Керн почнаа да го бараат девојчето во Тафт, Калифорнија во неделата, откако нејзиното семејство го пријавило нејзиното исчезнување, соопшти полицијата. Откако дознале дека детето можеби е киднапирано, инспекторите откриле дека било во контакт со Навал. Тие верувале дека и двајцата се во областа Елк Гроув, Калифорнија, оддалечена повеќе од 400 километри.
Полицијата на округот Керн ги известила колегите во Елк Гроув, кои го пронашле девојчето во неделата попладне, се вели во соопштението. Навал беше уапсен и одведен во притвор во округот Сакраменто, а потоа префрлен во округот Керн, каде што беше одредена кауција од 250.000 долари, според канцеларијата на шерифот. Неговото рочиште е закажано за в петок.
Во соопштението за печатот се предупредува на важноста на безбедноста на Интернет, со оглед на тоа што Навал наводно комуницирал со малолетничката преку платформите пред киднапирањето. „Роблокс“ е онлајн платформа за игри, популарна кај децата, а „Дискорд“ е апликација за пораки.
„Родители, следете ја целата електронска активност и знајте со кого комуницираат вашите деца. Многу апликации и игри имаат можност да испраќаат пораки и се подеднакво, ако не и поопасни од социјалните мрежи“. Си-Ен-Ен побара коментар до платформите.
Минатиот месец, одговарајќи на тврдењата дека децата биле изложени на штетна содржина на платформата, ко-основачот и извршен директор на „Роблокс“, Дејв Башуцки, изјави за Би-Би-Си дека компанијата верува дека еден лош случај е премногу.
„Ги следиме злоупотребите, малтретирањето, ги филтрираме сите такви содржини, а анализата оди дотаму што доколку е потребно контактираме и со полиција“, изјави Башуцки.