Македонија
Иванов ќе биде домаќин на лидерите од процесот Брдо-Бриони во Скопје

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 27 април 2018 година во Скопје ќе биде домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички од процесот Брдо-Бриони.
Земји учеснички во процесот Брдо-Бриони се Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Македонија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Црна Гора, претставени на ниво на претседатели на држави. Главната цел на процесот Брдо-Бриони е целосна интеграција на земјите од регионот во Европската Унија, стабилизирање на состојбите во Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка и решавање на отворените прашања.
На состанокот на лидерите на земјите учесници на процесот Брдо-Бриони се очекува присуство на претседателот на Република Албанија, Илир Мета, претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ.
Во согласност со досегашната практика, покрај лидерите на земјите учеснички, на состаноците на процесот Брдо-Бриони учествуваат високи гости од Европската Унија, како и лидери на земји членки на ЕУ. Еден од почесните гости на состанокот во Скопје е претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Во фокусот на годинешниот состанок на лидерите на земјите учеснички од Процесот Брдо-Бриони во Скопје е потребата за подобрување на меѓусебната поврзаност во политичка, економска, инфраструктурна и безбедносна смисла, а во контекст на новата стратегија на Европската Унија за Западен Балкан.
Во рамките на процесот Брдо-Бриони првпат на иницијатива на Македонија ќе се одржи состанок на директорите на Агенциите за разузнавање на земјите учеснички во процесот, на кој ќе се дискутира за безбедносната поврзаност како сегмент на регионалната соработка. Процесот Брдо-Бриони првпат се одржа во 2013 година на заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и Република Хрватска во Брдо кај Крањ.
Лидерите на земјите од процесот Брдо-Бриони се состануваат најмалку еднаш годишно.
Во рамките на оваа регионална иницијатива досега се одржани шест состаноци, од кои пет редовни и еден вонреден: во Брдо кај Крањ, Република Словенија, во 2013 година, во Дубровник, Република Хрватска, во 2014 година, во Будва, Црна Гора, во 2015 година, вонреден самит во Загреб, Република Хрватска, во 2015 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, во 2016 година и во Брдо кај Крањ, Република Словенија, во 2017 година, а на кои редовно учествува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Да не дозволиме СДСМ да биде влада во Македонија, зошто секогаш кога се власт се случуваат грешки како прифаќањето на бугарскиот ултиматум

На денешниот народен митинг во Новаци во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека политичкиот противник, СДСМ оваа кампања ја започна невообичаено наспроти сите теории и практики во кампања, од прв ден со црна кампања, со монтажи, со спинови, со дефокус и со напади, најчесто против него и неговото семејство, додавајќи дека и нема што да се очекува од луѓе што нема што да кажат.
Мицкоски посочи дека ако не е црната кампања тие нема за што да зборуваат, затоа што тие од нивното време не оставиле ништо вредно, освен криминал и корупција, а потоа се сетија да го извадат слоганот дека се бореле за нивниот дом.
„Но имам јас една дилема која би сакал пред вас да ја соопштам. А, тоа е за кој дом? За хациендите на Халкидики, за хациендите во Дубаи или за јахтите коишто ги гледавме ова лето. За кој дом зборуваат? Затоа што тие имаа можност да се борат за домот седум години, а тие го опустошија и го распродадоа домот и во секоја смисла на зборот, го понижија македонскиот народ. Да не дозволиме тоа повторно да се случи“, рече Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека секогаш кога Социјалдемократскиот сојуз бил на власт се случувале грешки, како на пример временото име и последно, прифаќањето на ултиматумот од Бугарија.
„Затоа што, сетете се во минатото, СДСМ кога бил влада во Македонија, секогаш се случувале историски грешки. Вратете се назад од она времено име па се до прифаќањето на бугарскиот ултиматум. Да не дозволиме овие луѓе никогаш повеќе да бидат дел од македонската Влада, а тоа можеме да го направиме и потврдиме овие локални избори на 19 октомври. Ве повикувам масовно да излеземе и да испратиме силна порака како никогаш до сега“, повика Мицкоски.
Македонија
Поради снег и паднати дрва, во прекин сообраќајот на патот Никфорово – Леуново

Сообраќајот на регионалниот пат Никфорово – Леуново е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловозот, се интервенира за негово расчистување, соопшти АМСМ:
Сообраќајот на регионалниот патен правец Бунец – Леуново од 17.00 часот е нормализиран.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди , утринските температури ниски, дневната до 15 степени

Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, која кон крајот на денот ќе се зголемува. Во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени локални врнежи од дожд. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе се задржат под просекот за овој период од годината.