Македонија
Сончево и топло време
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Оттаму додаваат дека попладне во источните делови ќе има краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 4 до 13, а максималната од 18 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата во текот на денот ќе се движи во интервал од 11 до 23 степени.
Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Услови за локални слаби врнежи од дожд ќе има во првите два дена од следната недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Во живо) Прес-конференција на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска одржува прес-конференција во седиштето на партијата.
Македонија
Меџити гласаше и упати порака до граѓаните: Не заборавајте дека секој глас е важен
Претседателот на Демократското движење и носител на листата на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити го оствари правото на глас.
„Почитувани граѓани, денес е важен ден за нашата демократија. Ве молам учествувајте на изборите и изразете го својот глас за иднината на нашата земја. Ова е должност кон себе и кон другите. На овој прекрасен и демократски ден, не заборавајте дека секој глас е важен“, рече Меџити.
Македонија
Силјановска-Давкова: Како одговорна граѓанка со својот глас ги удостоив и парламентарните и претседателските избори
Како одговорна граѓанка, со својот глас ги удостоив парламентарните и претседателските избори, информира Гордана Силјановска-Давкова, кандидатка за претседател на државата, по гласањето за парламентарни и претседателски избори.
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места беа отворени во седум часот, а беа затворени во 19 часот.
Во вториот круг од претседателските избори граѓаните одлучуваа меѓу Гордана Силјановска-Давкова и актуелниот претседател Стeвo Пандеровски.
На парламентарните избори, граѓаните избираат помеѓу 17-те изборни листи.