Македонија
СДСМ: Сите материјали кои СДСМ ги поседуваше за случајот „Монструм“ се предадени на СЈО
Владејачката СДСМ ги отфрли обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за случајот „Монструм“ дека премиерот Зоран Заев ги криел информациите со кого од неговата канцеларија контактирале убијците.
„ВМРО-ДПМНЕ како власт 11 години се изживуваше со граѓаните и нивните судбини, судството го држеше во заложништо и ја попречуваше правдата, а денеска како опозиција продолжува со ниското ниво и злоупотребата на човечки трагедии. За ВМРО-ДПМНЕ е несфатливо дека времето кога премиерот беше и судија, обвинител и истражител заврши со заминувањето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од власт и затоа денес опозициската партија продолжува очајнички да манипулира и да си поигрува со чувствата на граѓаните“ се наведува во соопштението од СДСМ.
За случајот „Монструм“ како и за останатите судски процеси, велат од СДСМ, надлежни се единствено правосудните органи во Република Македонија.
„Сите материјали коишто СДСМ ги поседуваше, а кои произлегуваа од незаконското прислушување што со години го правеше минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се предадени на Специјалното јавно обвинителство“ се додава во соопштението.
Од владејачката партија порачаа наместо да се обидува да профитира од трагедии, ВМРО-ДПМНЕ да ги остави надлежните органи целосно и до крај да го расветлат овој случај и сите оние кои биле вмешани во него, да се соочат со одговорност согласно законите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

