Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како што велат е вистината за случајот „Монструм“.
„Семејствата на жртвите од масакрот кај Смилковското езеро заслужуваат правда. Заев во повеќе наврати ја најавуваше „вистината“ за случајот „Монструм“. Тврдеше дека има докази, односно телефонски разговори и смс пораки кои ќе фрлеле ново светло на случајот. Обвинетите ги прогласуваше за невини, а на роднините на егзекутираните момчиња им посочувал разговори на функционери од ДУИ кои тогаш беа дел од власта со обвинетите. Сега обвинетите се на слобода, а Заев ги убедува ожалостените семејства дека разговорите кои ги слушал биле за субвенции. Мизерно!“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Заев ги излажал семејствата на убиените како и целата македонска јавност, а од неговата „вистина“ не останало ништо.
„Тој на срамен и подмолен начин ја искористи оваа трагедија за собирање на политички поени, а откако седна во премиерската фотелја единственото нешто што се промени е тоа што обвинетите се најдоа на слобода. Заев наместо правда спроведува туѓи платформи. Заев мора да се тргне од патот на правдата. Кого штити Заев и кого тој покрива со прикривањето на доказите за Смилковското езеро?
Реализацијата на Тиранската платформа не смее да биде поголем приоритет од правдата за семејствата на егзекутираните момчиња. Очајнички се обидите да се дефокусира јавноста од лицемерието, лагите и манипулациите на Заев со политички монтирани случаи против неистомислениците.
Патриотите кои први застанаа против Тиранската платформа и Зоран Заев се во притвор поради љубовта кон татковината. Тие се во притвор поради борбата против антидржавните политики на Зоран Заев.
Интелектуалците, глумците, уметниците кои несебично застанаа во одбрана на државата мора да бидат ослободени. Додека вистински терористи се на слобода, патриотите се во притвор.
Обвинителството наместо да ги гони вистинските терористи и да го разреши случајот „Монструм“ го губи времето со монтирани случаи по нарачка на Заев. Судот мора да се ослободи од стегите на власта, а судиите да најдат доблест наместо политика да спроведуваат правда.
Во вакви услови на заробена држава и судство сервилно кон СДСМ и Зоран Заев, овој случај нема да добие судска разрешница ниту пак ќе биде задоволена правдата. Правдата ќе биде задоволена само кога Заев ќе си замине од власт“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)