Свет
Над 30 кинески туристи загинаа во Северна Кореја
Триесет и двајца кинески и четворица државјани на Северна Кореја загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Северна Кореја, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Сударот се случил доцна синоќа, јужно од Пјонгјанг.
Автобусот со туристи паднал од мост, а на снимките на кинеската државна телевизија „ЦЦТВ“ се гледаат остатоците од автобусот во мракот. Спасувачките возила излегле на местото на настанот за да ги згрижат повредените од несреќата.
Голем број Кинези ја посетуваат Северна Кореја. Двете земји кои се сојзуници од Студената војна делат долга копнена граница, а редовни летови го поврзуваат Пјонгјанг со повеќе кинески градови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.
Свет
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.
Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес.
Земјотресот бил почувствуван во поширока област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита.