Македонија
Работилница за деца за модернистичката архитектура

Плоштад Слобода објавува отворен повик за учество во работилница за деца посветена на модернистичката архитектура на Скопје, а поддржана од програмата за култура на Град Скопје. Со вложување когнитивен напор и преку својата креативност, по посетите на одредени објекти, учесниците ќе се посветат на создавање нивен коментар, премислување и разбирање на модерното архитектонско наследство на Скопје.
Учеството во предвидените работни сесии ќе им помогне на децата да ги подобрат своите аналитички и уметнички вештини, да споделат меѓусебно знаење и да стекнат афирмација на своето индивидуално и колективно уметничко изразување, односно да стекнат доверба во себе и во своето лично творештво. Со учество во овој проект децата вклучени во истиот ќе ја разберат важноста на посветеноста и можноста таа да биде забавна и исполнителна. Работилницата предвидува посета на некои од најинтригантните скопски модернистички објекти, како и креативни работилници кои ќе резултираат со издание за деца. Работилниците ги водат Дивна Пенчиќ, професорка на Архитектонскиот факултет, како и Доротеј Нешовски, визуелен уметник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)