Контакт

Археологија

Фосилот на слонот пронајден во Долни Дисан е стар осум милиони години

Објавено пред

Локалитетот во близина на Долни Дисан, Неготинско, каде што беа пронајдени фосилни остатоци од изумрен слон од пред околу осум милиони години, денеска беше посетен од страна на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. При посетата министерот Алаѓозовски разговарал со екипата на Природонаучниот музеј од Скопје и нивните колеги истражувачи од Бугарија, кои во меѓусебна соработка го откриле големиот палеонтолошки наод.

dobivaj vesti na viber

Палеонтолошките екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија последните неколку дена почнаа со ископување на фосилните остатоци од изумрен вид слон (Choerolophodon pantelici). Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Фосилни остатоци од овој вид слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не ѝ е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови.

Како што информираат од Министерстото за култура, според првичните согледувања, најверојатно станува збор за остатоци од околу 50-годишно животно, тешко околу 10 тони.

„Македонија има неколку исклучително ретки наоди и ова е едно од поспектакуларните откритија. Тоа ја сместува Македонија и на палеонтолошката мапа на Европа и светот и драго ми е што ние имаме капацитет вакви наоди прво научно да ги истражиме, а потоа да ги ставиме на увид на јавноста, со што нашите музеи, особено специфичноста на Природонаучниот музеј, добива на значење“, истакна Алаѓозовски, кој воедно информираше дека Министерството за култура ќе ја поддржи и понатамошната работа на овој тим на истражувачи и ќе ја овозможи сета понатамошна обработка и презентација на материјалот.

Билјана Гаревска од Природонаучниот музеј од Скопје истакна дека се работи за фосилен остаток на еден од предците на слоновите, род што е општопознат во Македонија и во Европа, но интересно е тоа што за првпат се пронајдени повеќе коски од истиот вид на исто место.

„Се работи за две коски од екстремитети и катници. Катникот ни дава можност да дознаеме за староста и возраста на животното и останатите коски кои дополнително ќе треба да ги извадиме. Пронајдокот е од пред осум милиони години, според геолошката карта“, објасни Гаревска.

Николај Спасов, професор на бугарската Академија на науките и директор на Националниот природоначуен музеј при Академијата, кој е дел од екипата истражувачи, посочи дека ова е едно најинтересните палеонтолошки откритија од доцниот миоцен на Македонија, кога природата на Балканот била многу поблиску до африканската фауна.

„Се радуваме бидејќи ја направивме првата експедиција на Музејот на Македонија и на Националниот природонаучен музеј на Бугарија при БАНУ и горд сум што успеавме да го направиме ова“, рече Спасов.

Методија Велевски, в.д. директор на Природонаучниот музеј, нагласи дека идејата е до крајот на годината овој наод да биде изложен во постојаната изложба на Природонаучниот музеј.

„Тоа не е ни малку лесна работа. Материјалот е многу ронлив и ќе биде потребно многу време да се состават повторно тие фрагменти, да се заштитат, да се подготви практично презентација и промоција на овој наод“, објасни Велевски.

Археологија

Костадиновска-Стојчевска во посета на Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во најрепрезентативниот објект, Теодосијанската палата

Објавено пред

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, беше во посета на археолошкиот локалитет Стоби, каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град.

dobivaj vesti na viber

Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик, а како што најавија археолозите, деталите за мозаикот, кој се наѕира во една од просториите и е поставен како централно правоаголно поле, ќе ги откријат деновиве.

Археолозите информираат дека со сигурност се знае дека имаме ново откритие во репрезентативниот објект, кое, според првичните наоди, претставува нов, неоткриен бисер на античкиот град, кој е културно наследство и локалитет од особено национално значење.

„Ова откритие е резултат на заштитно-археолошките истражувања, кои се во функција на конзервација на Теодосијанската палата за чија конзервација, Стоби, во соработка со Фондацијата ‘Балканско наследство’ од Бугарија, доби грант од прочуената амириканска филантропска организација ‘Каплан фонд’. Ова се резултати на еднодецениска соработка на Стоби со овие фондации“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Од НУ Стоби информираа дека во рамките на грантот од „Каплан фонд“, во вредност од 300.000 долари за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби, годинава се изработуваше основен конзерваторски проект за архитектурата, како и основен конзерваторски проект за мозаичните подови на овој луксузно декориран резиденцијален објект.

„Проектот претставува еден од првите чекори на имплементација на мастер-планот за конзервација на Стоби, изработен во периодот меѓу 2019 и 2021, исто така во соработка со ‘Балканско наследство’, поддржан од ‘Ј. М. Каплан фонд’ од САД. Проектот за Теодосијанската палата ќе ги следи насоките од мастер-планот за конзервација на Стоби. Во него ќе бидат вклучени конзервација и реконзервација на архитектонските остатоци, во соработка со меѓународен тим од експерти предводени од Џон Стјуарт и Греам Абри од Велика Британија“, рече Спасе Перовски, директор на НУ Стоби.

Тој додаде дека меѓународните експерти исто така ќе бидат задолжени за едукација на експерти (конзерватори, археолози и менаџери на културно наследство) од Северна Македонија и од регионот, а ќе биде издаден и прирачник кој ќе вклучува препораки и насоки за понатамошно одржување на археолошкиот локалитет Стоби.

Министерката за култура, заедно со директорот Перовски, на археолошкиот локалитет Стоби се сретна и со студентите археолози, учесници на Меѓународната школа за археологија, кои годинава ни доаѓаат од Америка, Канада и од НР Кина.

„Драгоцено е искуството што го развива Стоби во својата едукативна и теоретска меѓународна соработка преку оваа Школа, преку соработката со Фондацијата ‘Балканско наследство’. Стоби ја продолжува својата успешна приказна за пример кон современо менаџирање и управување со културното наследство давајќи му живот на древниот град и во времето во кое живееме“, рече Костадиновска-Стојчевска. Таа додаде дека на овој начин се заштитува богатото универзално културно наследство, се афирмираат историјата и културата на нашата земја, се продолжуваат приказните од римскиот и од доцноантичкиот период, но се почнуваат и нови приказни, кои зборуваат за нас сега и овде.

„Преку овие пријателски фондации, експерти со светско реноме се вклучени во проучувањето и во натамошниот развој и афирмација на Стоби, а тоа го става овој локалитет на врвот на светски познатите археолошки мапи. Во Стоби е живо и возбудливо како што е во лето на сите локалитети. Им честитам на нашите археолози за новото открие и им пожелувам успешна работа, размена на искуства и трајни пријателства на младите археолози, кои ни доаѓаат од светот“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Прикажи повеќе...

Археологија

Виртуелна посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари

Објавено пред

Археолошкиот музеј овозможи виртуелна тура во „Неолитското село” – музеј под отворено во археолошкиот локалитет Тумба Маџари во Скопје, кој сè уште е затворен за посетители поради коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

„Тумба Маџари од 2008 година е актуелен со анимирање на јавноста преку научни, едукативни и туристички активности за сите возрасти. Во музејот под отворено „Неолитско село“ се изградени неколку куќи во духот на неолитската архитектура. Во нивната внатрешност преку копии на разновиден движен и недвижен покуќнински инвентар, како и сцени од секојдневниот живот, е направен обид за реконструкција на дел од животот на неолитскиот човек кој живеел на територијата од Македонија и пошироко пред 8.000 години“, соопштија од Археолошкиот музеј.

Локалитетот се наоѓа во сегашната населба Ченто и е најзначајната неолитска населба во Скопската котлина.

Откриена е во 1961/2 година во текот на археолошки рекогносцирања за изградбата на автопатот. Денес тешко се забележува бидејќи 2/3 од површината се окупирани со куќи подигнати во доцните шеестти и седумдесеттите години на 20. век.

Тумба Маџари бил економски и пред сè културен центар на неолитскиот човек од овој регион.

Прикажи повеќе...

Археологија

Во урнатините на замок од 14 век пронајден ковчег со богатство

Објавено пред

Во урнатините на замок од 14 век во Полска е пронајден ковчег со сребро.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека вредните предмети им припаѓале на Евреите убиени во Втората светска војна, пренесува „Сан“.

Кралскиот замок Nowy Sącz денес е руинирана средновековна зграда стара над 600 години. Се верува дека нацистите криеле украдени предмети таму кога ја окупирале Полска.

Историско-истражувачкото здружение преку „Фејсбук“ информираше за богатството, кое се состоело од најразлични предмети од сребро за домаќинството, вклучувајќи чаши и прибор за јадење.

Dzisiaj 14.06.2020r. Wzgórze Zamkowe w Nowym Sączu oddało nam sporo srebra z epoki. Pozdrowienia dla wszystkich poszukiwaczy i życzymy podobnych sukcesów.

Posted by Stowarzyszenie Historyczno Eksploracyjne Sądecczyzny on Недела, 14 јуни 2020

Во ‘рѓосаниот ковчег биле закопани 103 сребрени предмети. Секој од нив, наводно, е направен во Австрија или Полска.

Локалниот археолог Бартломеј Урбаски за „The First News“ изјави дека предметите од почетокот на 19 и 20 век биле поврзани со еврејски обред и веројатно биле закопани за време на Втората светска војна.

Полскиот замок, во близина на кој е откриено среброто, бил претворен во касарна од нацистите во 1941 година, а исто така бил користен и како складиште за муниција. Во 1942 година, целото еврејско население од тоа подрачје било однесено во логор.

Полските војници ја разнеле нацистичката касарна во 1945 година и речиси целосно го уништиле замокот.

Другите откритија во замокот вклучуваат збирка монети од 15 век.

Замокот Nowy Sącz се истражува, бидејќи има планови да се изгради повторно.

Сребреното богатство ќе биде предадено на археолозите кои ќе направат попис сите артикли, а потоа ќе ги изложат во локален музеј.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Трамп воведе царини за увоз од сите земји, за ЕУ царина од 20 отсто

Претседателот Доналд Трамп денеска објави царини од најмалку 10 отсто за практично сите стоки кои доаѓаат во Соединетите држави, плус...

Македонија4 часа

Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан „царот“: „Го видов Палчо со пиштол и се слушна тап истрел“

По барање на одбраната на Влатко Кешишев, обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо беше отстранет од судницата оти му било страв да зборува...

Македонија5 часа

Давкова благодарна до сите земји кои ни помогнаа по трагедијата, објави листа на државите кои пружија помош

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави...

Македонија6 часа

Мицкоски и Филипче утре ќе се сретнат во Владата

Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре ќе остварат средба во владината зграда. Претходно денес, Мицкоски изјави...

Македонија9 часа

На седницата на улица ССМ изгласа функционерите да бидат на минималец, ако не ја почитуваат одлуката, можен е генерален штрајк

На ист начин како што Владата без работниците одлучи за покачување на минималната плата на 400 евра, место на 500,...

Македонија9 часа

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и од Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјата, од кои...

Македонија11 часа

Мицкоски за средба со Филипче: Стојам на располагање во секое време, јас сум сериозен човек

Подготвен сум да го примам на средба претседателот на СДСМ, Венко Филипче, но непристојно е за ова да се разговара...

Македонија11 часа

Со едноминутен молк за жртвите во Кочани, ССМ на улица ја отвори првата јавна седница, бараат 500 евра минимална плата

Голем број членови на највисокото раководство на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), придружувани од работниците, точно во 12.05 часот...

Македонија12 часа

(Видео) „Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата“: Филипче предлага концепт за нов општествен и политички дијалог

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт на место и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи...

Македонија12 часа

Секој има право да протестира, но барањата за минимална плата синдикатите треба да ги кажат на седница на ЕСС, а не на улица, вели Дурмиши

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, ја потпишал минималната плата без согласност од Економско-социјалниот совет (ЕСС), што е законска...

Топ12 часа

Уапсени три лица од Кривопаланечко поради извршено кривично дело убиство

Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода 24-годишниот З.Ф., 19-годишниот С.Ф. и 44-годишниот С.Ф....

Македонија15 часа

Водостоите на сите реки во земјата се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи и во текот на денот

Според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција...

Македонија16 часа

Поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани, Батинци, Пинтија и во Горно Лисиче

РЦУК – Скопје, известува дека поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови, дојдено е до...

Македонија18 часа

Арсовска: Ѓеоргиевски, освен со фотографирање, со друго не може да се пофали, со превенција се спречуваат поплави, не со глумење спасител

„Се излеала реката во Батинци, општина Студеничани, бидејќи општинските власти не ги чистат каналите, активност која како нивна надлежност превентивно...

Македонија18 часа

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир нормализиран

Сообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир, кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е нормалзиран, извести АМСМ....

Македонија18 часа

Град Скопје: Одржувањето на одводните канали и коритото на Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина

„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски...

Македонија18 часа

Ѓорѓиевски во Студеничани по поплавата од излеаната Маркова Река: Механизацијата е на терен и нема опасност за населението

По добивањето на информацијата за излевањето на Маркова Река во соседната општина Студеничани, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,...

Македонија1 ден

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија1 ден

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија1 ден

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...