Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев мора да ја каже вистината за „Монструм“
Кој е сторителот на грозоморната ликвидација на петте момчиња кај Смилковско Езеро? Зошто егзекуторите не се зад решетки? Во нормална, правна држава монструми кои масакрираат момчиња нема да бидат на слобода поради никаква политичка причина, туку ќе се најдат зад решетки, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Зоран Заев не смее да бега од одговори од јавноста. Мора да ја каже вистината за „Монструм“ за која што велеше дека ја знае и дека има докази. Заев ги излажа и си поигра со судбината на семејствата на масакрираните момчиња кај Смилковско Езеро.
„Заев на подмолен и морбиден начин го искористи целиот случај во политичка кампања единствено со цел да собере политички поени. Откако дојде на власт не само што ја крие вистината туку обвинетите се најдоа на слобода исто како што предвидуваше Тиранската платформа. Зошто ги прикрива Заев доказите кои тврдеше дека ги има, односно телефонските разговори и СМС-пораките кои требаше да фрлат ново светло на случајот? Кого и за каква цел Заев го штити со прикривањето на тие докази?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, семејствата на убиените момчиња кај Смилковско Езеро мора да добијат правда, виновниците не смее да останат неказнети и мора да одговараат за монструозниот и терористички акт. „Како е можно Заев да се сеќава на разговорот помеѓу Бејта и Азири дека истиот не бил поврзан со убиството, туку со субвенции, па ја знае и точната сума која ја спомнуваат од 450 евра, а не може да се сети на суштински работи, на пример кога го прашуваат за богатството на неговото семејство и калкулира со разни бројки? Тиранската платформа, поради која се формираше ова владејачко мнозинство, не смее да биде поголем приоритет од правдата за случајот ‘Монструм’. Десетици патриоти кои први застанаа против тиранската платформа и катастрофалните политики на картелот на власт на чело со Зоран Заев станаа жртви на политички монтиран случај и завршија во притвор. Заев ја претвора државата во сопствен картел каде институциите ќе работат исклучиво по негов диктат, а неистомислениците ќе бидат заплашувани и измачувани. Додека вистинските терористи се на слобода, интелектуалци, актери, уметници, пратеници и лица од јавниот живот се жртви на неосновано и монтирано обвинение за тероризам.Македонија не смее да остане заробена држава од страна на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев. Правдата, демократијата и слободата во државава мора да бидат вратени. Граѓаните и Република Македонија заслужуваат подобро“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

