Македонија
Почна средбата меѓу Коѕијас и Димитров во Виена
Во Виена денеска продолжуваат разговорите за спорот за името меѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Средбата се одржува во канцелариите на ОН во Виена.
Засега нема информации до кога ќе трае средбата и дали по средбата, ќе има изјави за медиумите. Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува напредок во преговорите меѓу двете земји.
Портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос, рече дека Атина направила отстапки во преговорите и дека сега е време и Скопје да ги направи неопходните чекори за постигнување договор. Грција има два услова: прво, сложено име и, второ, важење на името ерга омнес, нешто за што предуслов е модификација на уставното име на соседот. Грчките медиуми ја карактеризираат денешната средба како клучна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

