Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Платите рапидно паѓаат, се крие висината на државниот и јавниот долг
Платите на граѓаните се во слободен пад. Просечната плата во февруари е за 867 денари пониска од платата во февруари. Пад на платите се бележи во сите клучни сектори во економијата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, платите рапидно паѓаат. 9.9% е падната платата во рударството, 6.3% во секторот за снабдување со електрична енергија, 11.7% пад бележат платите во транспортниот сектор, додека во секторот земјоделие платите паднале 6.11%, а во секторот уметност, забава и рекреација падот е 26.4%.
„Платите паѓаат, трошоците за живот растат, а државата расипнички се однесува со парите на граѓаните. Само криминалниот картел во врвот на власта, на чело со Зоран Заев може да зема обврзница од 19.5 милиони евра, со рок на враќање од 30 години и камата од 29.1 милион евра. Криминалниот картел на врвот на власт, на чело со Зоран Заев неосновано и без прекин се задолжува. Министерството за финансии ја крие вистинската висина на државниот и јавниот долг. Криминалниот картел крие дека висината на државниот долг за првпат надмина 4 милијарди, а јавниот долг рапидно оди кон 5 милијарди евра“, велат од опозициската партија.
Според нив, додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните, влечејќи десетина патриоти по притвор и судови, сосема неосновано, само затоа што се политички противници на Зоран Заев. „Институциите се злоупотребуваат и се користат за политичка пресметка. Правната држава е девалвирана и не се почитуваат законите. Ова беззаконие мора да запре. Граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

