Македонија
Во Центар почна кампањата „Паркирај совесно“

Од денеска во општина Центар почнува едукативната кампања за безбедност во сообраќајот „Паркирај совесно!“, која е организирана во соработка на општината со ПОЦ и СВР Скопје.
Целта на кампањата е подигање на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво, зголемување на одговорноста кај возачите и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
„Апелирам до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да не ги паркираат своите возила пред објекти, коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се наменети за паркинг“, рече на прес-конференција градоначалникот Саша Богдановиќ.
Во наредните 2 месеца ќе се емитуваат 8 едукативни видеа со јасни пораки кои треба да придонесат да се изгради совесност за одговорно учество во сообраќајот и ќе ги потенцираат местата на кои возачите не смеат да запрат или да го паркираат своето возило. Исто така, еднаш неделно ќе се објавува по едно едукативно видео на неколку национални телевизии, македонски интернет-портали и на социјалните мрежи.
„Во склоп на кампањата ќе се поставуваат летоци на паркираните автомобили на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ кои ќе повикуваат на совесно паркирање. ЈП ПОЦ, Општина Центар и СВР Скопје ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно паркирани автомобили во Центар сè додека трајно не се реши сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање“, информираат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).