Македонија
Премиерот Заев на средбата со Евростат се информирал за моделите и искуствата за спроведување успешен попис

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со високи претставници на Евростат, директоратот за статистички информации на европско ниво.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата се разговарало за предизвиците во областа на статистичките истражувања и за важноста на квалитетот на статистичките податоци како предуслов за спроведување долгорочни одржливи политики, како и за препораките на Европската комисија во последниот извештај во кој Македонија доби чиста препорака за почеток на претпристапни преговори со Европската Унија.
Претставниците на Евростат ги пренеле европските искуства и пракси и размениле мислења за моделите на спроведување попис на населението во Република Македонија, кој би ги исполнил меѓународните пропишани стандарди и би одговорил на очекувањата за обезбедување квалитетни статистички податоци.
Премиерот ја потенцирал заложбата на Владата да ги гарантира професионалноста и независноста на институциите, како што е Државниот завод за статистика, и да ги насочува институциите да го унапредат своето работење во согласност со европските стандарди.
Високата делегација на Евростат била со состав: директорот на Директоратот А во Евростат, Питер Еверарс, и тим-лидерот за земјите кандидатки за членство задолжен за Македонија и Албанија, Торбјорн Карлкуис. Покрај нив, на средбата присуствувале амбасадорот на ЕУ во Македонија, Семуел Жбогар, и директорот на Државниот завод за статистика на Република Македонија, Апостол Симовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Повеќе од 45 тони вода исфрли полицискиот хеликоптер во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево

Полициски хеликоптер Бел-412 денеска повторно се вклучи во гаснење на пожарот во општина Чучер Сандево, соопшти МВР.
„И покрај тешките услови за гаснење непристапен терен и непрегледност поради чад, полицискиот хрликоптер исфли над 45 тони вода во подршка на екипите на терен за ставање под контрола на истиот“.
Македонија
(Видео) Сè уште активен и надвор од контрола пожарот кај Чучер Сандево, со интервенција од воздух ќе се продолжи во утринските часови

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информираат од ЦУК.
Во текот на денешниот ден, на терен, како што појаснуваат надлежните, интервенирале сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК.
„Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.
Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи“, според објавеното на социјалните мрежи.
Во раните утрински часови, како што појаснуваат, беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов.
Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.
За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР. Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, соопштија надлежните.