Регион
Рускиот патријарх Кирил пристигна во Тирана

Рускиот патријарх Кирил попладнево пристигна во Албанија на покана на Албанската автокефална провославна црква. Во соопштението кое беше доставено до медиумите, рускиот патријарх ја пренесе оценката дека и Албанската првославна црква воскресна по целосното укинување на верата, укинување на сите верски симболи, забраната верско определување и пресметката со црквата од страна на системот што се случи во 2о-тиот век.
Првиот човек на Албанската автокефална првославна црква, Анастас Јанулатој, кој инаку е етнички Грк, посетата на рускиот патријарх ја оцени како историска. Според протоколот, за време на посетата на Албанија покрај средбите и придружбата која ќе ја има од страна на Анастас Јанулатос – поглавар на Албанската првославна црква, рускиот патријарх Кирил ќе има и средби со албанскиот претседател Илир Мета и други претставници на државата. Тој ќе посети повеќе цркви во Тирана, Драч и Берат.
Тирана е под зголемени безбедни мерки поради посетата на рускиот патријарх, информираат албанските медиуми, кои додаваат дека за безбедноста на Кирил, за која се ангажирани и специјални полициски сили на албанското МВР, се грижи и специјална единица на руското обезбедување.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.