Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Поради пожар, запрено снабдувањето со јаглен во РЕК Битола
Неспособноста и неодговорноста на криминалниот картел на власт на чело со Зоран Заев излегува на површина. Недозволиво е најголемиот производител на електрична енергија во државата да е вон употреба половина ден. Повеќе од половина ден РЕК Битола воопшто не била функционална. Единствениот активен, од трите блока во РЕК Битола вчера испаднал од мрежа, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Незнаењето на картелот на власт во текот на вчерашниот ден предизвика и прекин во дотурот со јаглен за термоцентралата. Имено поради пожар на една од постројките во рудникот на РЕК Битола снабдувањето со јаглен било запрено. Додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните“, се вели во соопштението.
Според опозициската партија, отворање на нови работни места и нови странски инвестиции нема. Се вработуваат синови, ќерки, сопрузи и други блиски и далечни роднини на функционерите од власта. Растот на БДП за минатата година е 0% и сме последни во Европа и во регионот. Постојано власта на СДСМ не задолжува а капиталните инвестиции нема.
„Наместо просечната плата да биде 30.000 денари, таа оди надолу. Нема повисоки пензии и 100 илјади денари плата за докторите. Не изградија ниту еден километар автопат а ветија дури 600. Институциите се злоупотребуваат и се користат за политички пресметка. Правната држава е девалвирана и не се почитуваат законите. Ова беззаконие мора да запре. Граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро. Криминалниот картел наречен СДСМ не знае да работи. Државата и граѓаните трпат директни загуби. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

