Забава
Бил Гејтс: Триесет милиони луѓе може да умрат во неколку месеци ако не дејствуваме навреме
Бил Гејтс издаде сериозно предупредување за смртоносна болест која би можела да убие повеќе од 30 милиони луѓе за само неколку месеци. Имено, основачот на „Мајкрософт“ верува дека смртоносна епидемија на грип би можела да ја погоди нашата планета и дека човештвото треба да биде подготвено за вакво сценарио, исто како што големите сили се подготвуваат за војни.
Милијардерот и филантроп рече дека постои голема веројатност за појава на смртоносна модерна пандемија што би можела да го погоди светот во текот на животниот век на оваа генерација, пишува „Гизмодо“.
Ова апокалиптично предупредување Гејтс го изнесе во петокот на научен собир во Масачусетс. Иако и порано зборувал на темата, Гејтс во оваа пригода внел многу сигурност во неговите зборови.
„Кажете им на светските лидери дека се гради оружје што може да убие 30 милиони луѓе – веднаш ќе има реакции и подготовки против таквата можна закана, но во случај кога станува збор за биолошка закана, изостанува енергична реакција“, рече од најбогатите луѓе во светот.
Забележувајќи дека тој е обично оптимист, Гејтс наведе дека постои една област во која светот не прави доволно за да постигне напредок, а тоа, според него, е подготвеноста за епидемии.
„Потребна е подобра комуникација меѓу воените и владините организации во потрагата по одговори. Владите во светот треба да можат бргу да му помогнат на приватниот сектор да развие технологија и алатки против смртоносните болести“, додаде познатиот бизнисмен.
Во обид да го направи светот свесен за заканите за кои често зборува, Гејтс се состана со Доналд Трамп во март. Тој се обиде да го убеди претседателот да се откаже од својот план за независна истрага за безбедноста на вакцините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Титаниум“ – нов инстант-лоз со возила на Државната лотарија
Државна лотарија, го пласираше новиот инстант лоз „Титаниум“ со примамлива понуда од два вида возила: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA од серијата Титаниум.
Имено, по истражувања меѓу учесници во игрите на среќа, спроведени на продажните места на Државна лотарија, љубителите на инстант лотаријата се изјаснија дека очекуваат токму ваков вид премии.
Како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „Титаниум“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 95 341 575 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA, 30 добивки по 50 000 денари и многу други вредни парични добивки.
Со забавно и лесно откривање на три исти симболи или износи, учесниците во оваа игра на среќа ќе ги бараат своите добивки во полето за игра на атрактивниот инстант лоз, а 14 од нив ќе станат сопственици на луксузниот комфор на титаниум, коишто ќе го пленат вниманието и на сите кои досега посакувале да возат или да подарат ваков тип на возило.
Инстант лозот има и атрактивна кампања којашто поттикнува да се замислиме над балансот меѓу своите очекувања и својата вистинска верба во среќата. Кога среќата се бара и чудата се можни.
Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз „Титаниум“ којшто може да ви донесе еден од 14-те автомобили.
За само 100 денари станувате потенцијален сопственик на софистицирано возило.
Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот „Титаниум“, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.
(ПР текст)
Забава
На Роналдо му се заканува тужба, не платил за ботоксот: дерматологот бара отштета
На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно – за ботокс, пренесуваат светските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколкупати го третира додека играше за Манчестер јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи приближно 50.000 евра и дека одлучил парите да си ги земе на суд. Равиндран е дерматолог, кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо, како и кон Георгина Родригез, неговата партнерка.
„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.
Британските медиуми не може со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.
Роналдо пушти солзи во осмина-финалето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.