Македонија
Денеска и утре без струја повеќе делови на Скопје
Поради закажани технички зафати во електросистемот, без електрична енергија денеска ќе бидат делови од општините Гази Баба, Арачиново, Кисела Вода и Карпош.
Во периодот од 10.55 до 12.55 часот без струја ќе бидат делови од населбата Ченто, хангарите на патот за Арачиново во Гази Баба, од 8.55 до 10.55 часот делови од селата Орланци, Мојанци и Арачиново, во општина Арачиново од 8.30 до 10.30 часот делови од улицата Пандо Кљашев во Кисела Вода и од 9 до 12 часот корисниците од дел од улицата Његошева во Карпош.
Прекин во снабдувањето со струја ќе има и утре (3 мај), и тоа од 8.30 до 17 часот на корисниците од улицата Тодор Чангов – подулиците 23, 25, 27, 29, 31, 33, 35, 37, 39, 40, 42, 44, 46, 48 и други подулици во непосредна близина во општина Аеродром.
Истиот ден во период од 8.30 до 11.30 часот без струја ќе бидат корисници од дел од селото Орман до пругата во Ѓорче Петров, од 10 до 12 часот делови од улиците Герника, Киро Фетак и Ратко Митровиќ во близина на туларницата во Драчево, како и фирмата „Марлес“ во Кисела Вода, и од 9 до 13 часот дел од селата Бразда и Чардак во општина Чучер Сандево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

