Македонија
Сончево и топло време со температури до 30 Целзиусови степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд, особено на исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 22 до 30 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
В четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време, во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, некаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се
очекуваат в четврток и сабота, особено во западните делови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

