Регион
Харадинај: Изгледавме како турски марионети

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјавил дека по депортацијата на шестемина турски државјани од Косово, бил подготвен да поднесе оставка.
„Поради тој инцидент, Косово изгледаше како марионета на Турција“ рекол Харадинај во интервју за КТВ.
Во врска со прашањето за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Харадинај рекол дека би била добра идеја косовскиот претседател Хашим Тачи да го води тој процес бидејќи, како што посочил, има повеќе слободно време.
Харадинај исто така рекол дека не му пречи во преговарачкиот тим да се приклучи и лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти.
Шестмина државјани на Турција, кои работеле во училишта на Косово, беа депортирани на 29 март во земјата на потекло во рамките на вообичаена процедура, а се работи за наводни следбеници на верскиот лидер Фетулах Ѓулен кого официјална Анкара го бара поради тврдење дека е организатор на пучот што во Турција се случи во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.