Регион
Словачка не го менува ставот за Косово

Словачка се согласува со барањето самитот во Софија да се организира без знамиња и државни симболи, изјави државниот секретар на Министерството за надворешни и европски прашања на Словачка, Иван Корчок.
„Така постапивме неколку пати во минатото, а ќе го примениме тоа и за време на нашето преседавање во Советот на ЕУ“, изјави Корчок за „Вечерње новости“.
Корчок, кој заедно со премиерот на Словачка, Петер Пелегриниј, ќе присуствува на самитот во Софија, нагласи дека Словачка многупати јасно го дефинирала својот став за Косово.
„Ставот на Словачка кон едностраното прогласување на независноста на Косово не се менува и тоа го кажавме безброј пати вклучувајќи ја и нашата недамнешната посета на Белград“, рече Корчок.
Претходно, денеска, поранешниот претседател на Романија, Трајан Басеску, изјави за романските медиуми дека Германија врши притисок пет земји на ЕУ, кои не го признале Косово, да го сторат тоа што побргу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.