Македонија
Скопскиот цветен фестивал и годинава во Градскиот парк

Месецов и оваа година ќе се одржи Скопскиот цветен фестивал, каде што ќе се слават цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено.
Фестивалот се одржува под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и сите граѓани ќе имаат можност да уживаат во колоритот на цвеќињата и цветните аранжмани.
„Оваа година го славиме нашиот прв јубилеј, каде што љубителите на цвеќето, природата, професионалци во дејноста, уметници, деца и ученици ќе ја изразат својата креативност и ќе другаруваат. Ги покануваме и ги очекуваме сите заинтересирани граѓани да бидат дел од овој настан“, повикуваат од ЈП „Паркови и зеленило“.
Петтиот Скопски цветен фестивал ќе се одржи на 12 и 13 мај 2018 година во Градскиот парк со почеток во 11 часот под мотото „Во боите на виножитото“.
Во цветното дефиле на фестивалот, кое оваа година ќе започне од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, ќе учествуваат деца од детските градинки и основните учулишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на блокот згради од булеварот Партизански Одреди бр.17, кон улицата Максим Горки, општина Центар.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ одат во втор круг за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и Левица имаат најмногу гласови и во Советот

Кандидатите за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ ќе се соочат во вториот круг од локалните избори што ќе се одржи на 2 ноември.
Според податоците на Државната изборна комисија, од пребројани 91 отсто од гласовите, во водство е Орце Ѓорѓиевски со 36,62 отсто, односно 82.155 гласови, а зад него е Мециновиќ со 13,35 проценти, односно 27.686 гласови.
Зад нив е Башким Бакиу од „Влен“ со 12,15 отсто, Каја Шукова од СДСМ со 11,52 отсто и Скендер Реџепи од ДУИ до 11 отсто од пребројаните гласови.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица доминираат и во Советот на Град Скопје. Според официјалните податоци од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ во Советот има 35,46 отсто од гласовите, а зад нив е Левица со 12,04 проценти.