Регион
(Видео) Вучиќ: Односите со Турција најдобри во последните десет години

Во последните десет години трговската размена со Турција е зголемена за девет пати, а во последните две години има најголем прилив на турски инвестиции во Србија, изјави за РТС српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој нагласи дека односите меѓу Србија и Турција се најдобри во модерната српска историја.
„Не се работи за личен впечаток, се работи за резултат. Во последните десет години речиси девет пати сме ја зголемиле трговската размена, имаме многу повеќе заеднички дејности и дури 30 пати поголем број инвестиции и инвеститори. Тоа на нашите луѓе им носи работа и подобра и поразлична иднина. Во последните две години имаме најголем прилив на турски инвестиции во нашата земја“, напомена Вучиќ.
Срспкиот претседател рече дека очекува отворен разговор во четири очи со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и разбирање, како што и Србија ќе покаже почитување и разбирање за турскиот интерес на Балканот. Според Вучиќ, нема сомнежи дека Турција е важен фактор за сите на Балканот, дека треба да се постигне одреден степен на разбирање, но дека тоа во целост е невозможно бидејќи како што рече Вучиќ, Турција го признала Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.