Македонија
Проект на основци од „Лазо Трповски“ меѓу десетте најдобри на натпревар за вселенски сообраќај во Берлин
Четвртоодделенците од скопското основно училиште „Лазо Трповски“ освоија награда на традиционалниот меѓународен училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај одржан во германската метропола Берлин.
Како што информираат од општина Карпош, наградата на учениците им била доделена за проектот „Ние и Ербас“.
„Под менторство на предметните професори Елена Угриноска и Стефан Симовски, основците од ова карпошово училиште успешно ја поминаа прелиминарната фаза и се пласираа во најдобрите десет проекти, кои беа изработени и презентирани на овој меѓународен образовен турнир“, стои во соопштението од општината.
Оттаму додаваат дека пласманот на учениците од ОУ „Лазо Трповски“ е одлука на деветчлено реномирано жири и е потврда за исклучителниот успех кој учениците го постигнале на овој, како што се вели, респектиран меѓународен училишен натпревар.
Инаку, натпреварот во Берлин е организиран од страна на Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, како и на „ Луфтханза техник АД“ и концернот ЕАДС (во чиј состав влегува и познатиот производител на патнички авиони „Ербас“).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

