Црна хроника
Уапсен Тетовец, полицијата му пронашла марихуана во џебот

Тетовец бил уапсен затоа што полицијата му пронашла ќесичка марихуана во џебот од тренерките, како и две поголеми пакувања со марихуана во непосредна близина.
„Околу 12:30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово во Тетово го лишиле од слобода А.А. (32) од с.Шемшово. При преглед во џебот од тренерките му пронашле најлонско ќесе со наркотична дрога марихуана, а во непосредна близина биле пронајдени уште две поголеми пакувања со марихуана. Пронајдената марихуана била одземена и предадена за вештачење“, соопшти МВР.
По целосно расчистување на настанот, против А.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава против двајца лихвари од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(42) и Н.К.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“.
Двајцата, во периодот од 2021 до 2024 година, договарале и примале и со присилба изнудувале парични средства од лице од Охрид.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 9.715.000 денари.
Црна хроника
106 санкции за неправилно престигнување, 212 за непрописното паркирање

Вчера како резултат на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, беа издадени 841 платен налог по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Притоа, во рамки на контролите, согласно статистичките показатели, и натаму најголемиот дел од прекршоците се однесуваат на возење со поголема брзина од дозволената – 135, како и на непрописното паркирање – 212, а пак, зад нив следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 68; потоа некористење на сигурносен појас – 60; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 48. Она што е впечатливо за сообраќајните контроли вчера, е фактот дека по однос на прекршоците поврзани со неправилното престигнување беше забележан најголем скок од дури 106 евидентирани такви прекршоци, што е најголем статистички параметар за овој вид прекршоци од почетокот на годинава до сега.
Инаку вчера, покрај ова, беа регистрирани осум случаи на возачи кои што управувале возило под дејство на алкохол, тројца минале на црвено светло, а евидентирани се и осум прекршоци на пешаци. Од сообраќај беа исклучени и осум технички неисправни возила, како и 24 нерегистрирани возила.
Министерството за внатрешни работи продолжувајќи со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност апелира до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.
Црна хроника
Мотоциклист загина по судир со товарно возило кај комплексот „Негорски Бањи“

Вчера во 14.18 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци, гевгелиско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница, починал во возило на Итната медицинска помош.
Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.