Контакт

Економија

Бектеши ги презентираше можностите за инвестирање пред индискиот министер за текстил

Објавено пред

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска беше домаќин на владина делегација од Индија, предводена од министерот за текстил и индустрија, Ајау Тамта, кој се наоѓа во официјална посета на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата министерот Бектеши рече  дека Македонија и Индија како земји членки на Светската трговска организација треба да склучат договор за економска и трговска соработка меѓу владите на двете земји, и тоа ќе  претставува поттик за развој на меѓусебните економски односи. Бектеши рече дека економските односи се многу добри, но има потреба да се интензивираат, истакнувајќи дека годишната трговска размена, која изнесува 50  до 60 милиони долари, може да расте.

Бектеши го информираше индискиот министер Тамта за поволните услови што Македонија ги нуди на потенцијалните инвеститори од Индија во различни области, како што е високо развиената текстилна индустрија, која има конкурентни цени, како квалификувана работна сила. Бектеши информира дека покрај тоа што можат да влезат во текстилната индустрија, индиските компании би можеле да ја искористат нашата земја како центар за дистрибуција на финални производи низ цела Европа и пошироко, а посебно во Турција и Украина, земји со кои Македонија има договори за слободна трговија.

Бектеши рече дека Министерството за економија може да помогне во поврзувањето  компании од нашата земја и Индија и им понуди олеснувања во процесот на реализација на инвестициите. Министерот за текстил и индустрија на Индија, Ајау Тамта, му се заблагодари на министерот Бектеши за гостопримството, истакнувајќи дека Македонија ја чувствува блиска, пред сè поради тоа што е родно место на Мајка Тереза. Министерот Тамта рече дека компаниите во Индија се заинтересирани за инвестиции во текстилната индустрија и во земјоделскиот сектор, но дека голем интерес има и за филмската индустрија и информатичката технологија.

Тамта рече дека текстилната индустрија во Индија вработува 45 милиони луѓе, додека годишниот извоз достигнува 40 милијарди долари. Размената меѓу Македонија и Индија во 2017 година достигна 54,6 милиони долари, додека во 2016 година таа изнесуваше 64,7 милиони долари.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет59 минути

Бројот на жртви во иранските протести се искачи на 466

Бројот на загинати во протестите во Иран се зголеми повеќе од двојно во последните часови, објави Ројтерс, повикувајќи се на...

Македонија7 часа

(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на...

Свет7 часа

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет7 часа

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет8 часа

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет8 часа

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет9 часа

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија21 час

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија23 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија24 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија1 ден

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ1 ден

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија1 ден

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет1 ден

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет1 ден

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ1 ден

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија1 ден

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет1 ден

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа1 ден

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...