Македонија
СДСМ: Владата им дава шанса на луѓе како Џезаир Шаќири повторно да се интегрираат во општеството

Најголемото понижување на државата и исклучителна опасност за Република Македонија, за сигурноста и безбедноста на сите нејзини граѓани беше режимот на Никола Груевски, претходникот на Христијан Мицкоски, реагираат денеска од владејачкиот СДСМ во однос на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Таа опасност е отстранета со решителна акција на граѓаните и прогресивните демократски сили кои го поразија режимот со пенкало. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и беззаконието што ја загрозуваше иднината на државата заврши, иднината е обезбедена. Денес, Македонија е слободна, демократска, напредна, сигурна и стабилна држава, која чекори напред кон ЕУ и НАТО“, се наведува во партиското соопштение.
Воедно, се истакнува дека Владата предводена од СДСМ презема одлучни чекори за разрешување на напластените прблеми што ги остави ВМРО-ДПМНЕ во секој можен сегмент на опшеството и животот на граѓаните.
„Ресоцијализација на поединци и интеграција во едно општство што нема да ги дели граѓаните, туку ќе обезбедува фер шанса за сите, е концепт во кој СДСМ цврсто верува. Таквиот пристап овозможува оние што порано се гледаа низ нишан, како Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски, денес да се интегрирани во едно општество и да работат за интересите на државата“, велат од владејачката партија.
Велат дека во овoj случај, преку законски ангажман, дадена е шанса некој да работи и да даде придонес за граѓаните и државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.