Македонија
(Видео) Заев за новиот советник: Стаменковски го запознав на протест на шарената револуција

Господинот Стаменковски по образованието што го има во делот на социјалната политика има намера да излезе од судот, затоа е и ангажиран за советник. Верувам дека некогаш ќе работи на својата професија, тој не е одлучувачко лице тука, се работи за административно лице, коешто го запознав на шарената револуција, на одењето по улиците, изјави премиерот Зоран Заев во врска со ангажирањето на Горан Стаменковски, раководител на секторот за човекови ресурси во кривичниот суд, за негов советник.
Според Заев, Стаменковски имал амбиција да се вгради во ова општеството и да помогне во социјалните аспекти во државата.

Горан Стаменковски
„Направив ангажман како надворешен соработник, секако тој ќе ги чека конкурсите во државата, потребите да се ослободат одредени места, заради тоа што, тој е едно лице, како и многу други граѓани, верувам дека поминувал низ непријатни моменти како и порано, па можеби дури од поранешниот претседател на судот. Неговиот пекол во животот почна кога се појавија сликите од Шарената револуција каде што и тој како граѓанин и јас како политичар, шетаме овде по улиците и протестиравме и од тогаш стигнаа според негово кажување сите овие измачувања“, рече Заев.
Јас му верувам, додаде тој, и станавме пријатели во целиот овој период, заради тоа е и ангажиран за мој советник. „Ја гледам неговата потреба да се вгради, сака да помогне, а јас сум таков човек којшто секогаш сака да даде шанса таму каде што можам да дадам шанса. Ако беше судија, ако беше обвинител, ако беше одлучувачко лице, поротник или дел од тие што одлучуваат, апсолутно со право, на мене и на било кој ќе му биде сомнително. Но, јас се знам со дел и од луѓето од судската полиција, ги знам некаде од приватниот живот, некаде од јавност, тоа не значи дека некој може да биде сомнителен или не, не се работи за тоа, не се работи за одлучувачко лице, се работи за административно лице, вработено само во судот и никако не може да влијае и да делува во процесите на одлучување за мене или за кој било“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.